Македонија

МНР: Ваквите постапки директно ја нарушуваат довербата меѓу двете држави

Остра реакција на МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија денеска остро реагираше на бегството на Ива Михајлова во Бугарија и на нејзиниот прием на високо ниво во Софија, оценувајќи дека таквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи.

Во соопштението се наведува дека приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство, според Министерството, не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење, но никој нема право на изземање од законите.

Од Република Бугарија, како членка на Европската Унија, се очекува постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност, се истакнува, се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот.

Министерството најави дека за развојот на случајот ќе ги информира меѓународните партнери, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа. Ваквите постапки, за кои постојат и претходни примери, директно ја нарушуваат довербата меѓу двете држави и отвораат сериозни прашања за доследноста во почитувањето на заедничките европски вредности.

„Остануваме посветени на развојот на добрососедските односи, засновани врз меѓусебно почитување, доверба и европски принципи. Истата одговорност ја очекуваме и од бугарската страна. Почитувањето на правдата не е прашање на политички избор, туку основна европска обврска“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

To top