Македонија Бизнис

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична […]

По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка, информираа од Владината прес служба

-Во рамки на тие активности, денеска Владата на седница донесе одлука да се ефектуира Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра добиен од Европската Инвестициска Банка, велат од Владата

Со ова, избраниот Консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач.

Дополнително одлучено е да се забрзаат активностите, и ЈП за Железничка Инфраструктура ќе започне постапка за избор на Надзор на изградбата.

Преку овие активности, Владата во континуитет покажува цврста заложба во реализација на стратешко-инфраструктурните проекти за државата. Изградбата и модернизацијата на  железничката мрежа е приоритет на Владата и во рамките на тие приоритети се преземаат засилени активности за доизградба на железницата на Коридор 8, како и изградба на брза пруга на Коридор 10.

Овие проекти кои имаат и регионално значење ќе ја позиционираат државата како транзит земја на Балканот- дел од европските транспортни рути со што бенефитот е повеќекратен.

Проектите за развој и модернизација на целокупниот железнички систем  претставуваат стратешки проекти на државата за регионално поврзување, забрзан економски развој и отворање на нови пазари за домашните компании, информираат од Владата.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Што сериозно треба да се преземе за намалување на инфлацијата?!

Претстојниот изборен циклус нема да има големо влијание врз економските текови во државава – велат познавачите. Сепак, пред секои избори бизнисот е претпазлив, граѓаните велат трошат колку што им е длабок џебот.

Како МАНУ ,,ја поминал” колешката на Камбовски со 10 пати помалку научни цитати од елиминираниот кандидат Митревски

И покрај тоа што според Google scholar колешката на Камбовски од правниот факултет Лажетиќ Бужаровска е научно неспоредлива со Митревски, таа без проблем дошла со потребните 5 гласа

Македонија или странство – колку заработуваат сезонските работници?!

Недостига работна сила на пазарот. За жал дел од работниците кои дојдоа во Македонија, заминаа, затоа што им се ветуваше премногу, а добија премалку. Мора да се има стратегија, ако сакаме нормано да се работи.

To top