Свет

Зеленски избира каде би се сретнал со Путин

Украинскиот претседател вели дека можни места за разговори со Русија би можеле да бидат Турција, како и земјите од Заливот или некоја европска земја

 

Во синоќешното обраќање, украинскит претседател рече дека оваа недела украинските претставници ќе контактираат со земјите што би можеле да бидат домаќини на украинско-руски разговори за прекин на војната, објави Би-Би-Си.

„Оваа недела ќе има контакти со Турција, ќе има контакти со земјите од Заливот, со земјите од Европа што можат да бидат места за разговори со Русите“, рече Зеленски.

„Од наша страна, сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната. Важно е партнерите да го потврдат ова“, повтори тој.

По неодамнешната средба на Зеленски со Доналд Трамп во Вашингтон, шефот на Белата куќа објави дека следната фаза од мирното решавање на војната треба да биде лична средба меѓу претседателот на Украина и Владимир Путин.

После тоа, според Трамп, може да се одржи трилатерален состанок со негово учество, на кој страните би можеле да потпишат мировен договор.

За време на телефонскиот разговор со Трамп, Путин му понудил и на Зеленски да дојде во Москва, но украинскиот претседател одбил.

Најнови вести од: Свет

Сеуште нема потврда од Пентагон: Иран објави дека четири балистички ракети го погодиле USS Abraham Lincoln во Персискиот Залив

Засега нема потврда за директни жртви или штети на USS Abraham Lincoln, но самото тврдење на ИРГК значително ја заострува реториката и ги зголемува ризиците.

To top