Македонија

Трагедија во Кавадарци, го претепале до смрт пред казино

Еден мртов, тројца со години зад решетки

Денеска рано изутрина во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, повеќе лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна медицинска помош.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.

Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

„ЕУ, се колнеме дека нема да скршнеме од твојот пат!“ треба да се смени со „Сѐ ќе правиме да не скршнеме од својот македонски пат!“

Зошто ЕУ не размислува да најде начин да ги заобиколи заканите на Бугарија со ново вето кон Македонија за почеток на преговорите за членство, како што се подготвува да направи за ветото на Унгарија кон Украина? ЕУ не може, или не сака да го стори ова и во случајот на Македонија, претпочитајќи ги само интересите на Софија?

Димитриеска-Кочоска: По подолго време македонската економија закрепнува, раст од 3 отсто во првото четиримесечие во 2025

Реагирајќи на извртувањата на вистината од страна на лидерот на СДС Венко Филипче, министерката за финансии Гордана Димитиевска-Кочовска посочи дека „двете милијарди евра за поддршка на граѓаните и фирмите“ на претходната влада предизвикаа само зголемување на државниот долг на Македонија во однос на бруто-домашниот производ за повеќе од 10 процентни поени во 2020 година споредено со претходната 2019 година, што е најголемо пораст на задолжувањата споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатот  од тоа задолжување е најнизок раст.

To top