Денеска во земјава се очекува нестабилно време проследено со дожд.
Според УХМР, во утринските часови можна е појава на магла, што ќе ја намали видливоста во одредени котлини. Попладнето, во одредени региони се очекува повремен дожд.
Во Скопје денот ќе започне со можност за појава на магла, но и локални врнежи од дожд; исто така, се очекува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Променливото врeме ќе продолжи и утре.
„Во утринските часови, во одредени котлини ќе има услови за појава на магла. Се очекува слаб дожд, главно во планинските предели. Ќе дува слаб до умерен ветер, но во делови од Повардарието повремено ќе засилува ветерот од северен правец, со брзина што ќе надминува 50 км/ч“, се наведува во соопштението на УХМР.
Во вторник се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност.