Бизнис

Откупот и продажбата на земјоделските производи порасна за 7,2 отсто

Според ДЗС, во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 5 проценти.

Убава вест за земјоделскиот сектор, кој годиниве кубуреше со нормално производство, а и работници. Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Според Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 5 проценти.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): УЈП изготви водич за пријавување и одданочување на доходи остварени од странство

Обврска за пријавување на доходот имаа сите физички лица кои оствариле приливи од странство по основ на доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс), доход од закуп (вклучително и преку платформи како Airbnb и Booking.com), капитални добивки (продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и др.), доход од капитал (дивиденди, камати, други финансиски приходи), авторски права, добивки од игри на среќа, и друг вид доход.

Продолжува повратот на пари од мерката „Мој ДДВ“, деновиве треба да се исплатат сите

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат, ниту откажан.

Повеќе од 200 компании на македонско-српскиот бизнис-форум утре во Скопје – цел е засилување на стопанската соработка

„Се очекува и економската соработка да ги следи добрите односи меѓу Македонија и Србија. Но, мора да го овозможиме тоа, на сите начини да успееме таа соработка да ја кренеме на повисоко рамниште.  Пред неколку беше под една милијарда евра, годинава е 1,4 милијарди, тежнееме да заврши со 1,5 милијарди и во следните години да достигне две милијарди евра. Постојат ресурси и сериозна намера, кои може тоа да го овозможат, ние сме тука да им помагаме на стопанствениците, за да се оствари тоа.“ – нагласи вицепремиерот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Се вложува во модерни автопатишта со цел поголема безбедност во сообраќајот

Потребна е координирана акција со МВР и другите надлежни институции со цел намалување на жртвите во сообраќајот, но најавжно е менување на свеста кај граѓаните за почитување на законите.

Крипто-пазарот во паника – Биткоинот падна под 86.000 долари

Иако минатата недела накратко се стабилизираше и се искачи над 90.000 долари, биткоинот повторно се најде под притисок, а аналитичарите предупредуваат на можни дополнителни падови. Шон Мекналти од FalconX вели дека оскудните приливи во биткоин ETF-фондовите и недостигот на купувачи го зголемуваат ризикот, и дека следната потенцијална поддршка се гледа околу 80.000 долари.

Гувернерот замина во Лондон да ги провери македонските златни резерви во трезорот на Банката на Англија

Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли, со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден.

Louis Latour винска приказна која го носи вкусот на Бургундија во ресторанот Salvatore

На 10 декември, среда во елегантниот амбинет ресторанот Salvatore ќе биде домаќин на специјална винска вечер посветена на едно од највлијателните имиња во винската историја на Бургундија, Louis Latour

Најнови вести

To top