Свет

Претседателката на Словенија бара проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Наташа Пирц Мусар, посетата на на Брисел ја искористи заактуелизирање на прашањето за проширување на ЕУ, што, според неа, не е само геополитичка неопходност, туку и морална обврска што произлегува од обврските на ЕУ. Разговараше за пристапувањето на нови држави во Унијата со одговорната европска комесарка, Марта Кос. По средбата, словенечката пртседтелка изјави дека тие […]

Наташа Пирц Мусар, посетата на на Брисел ја искористи заактуелизирање на прашањето за проширување на ЕУ, што, според неа, не е само геополитичка неопходност, туку и морална обврска што произлегува од обврските на ЕУ.

Разговараше за пристапувањето на нови држави во Унијата со одговорната европска комесарка, Марта Кос.

По средбата, словенечката пртседтелка изјави дека тие ја делат визијата дека проширувањето кон Западен Балкан, Украина и Молдавија не е само технички процес, туку стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и иднината на Европа.

„Поддршката на проширувањето значи градење на посилна, побезбедна и пообединета ЕУ“, изјави европската комесарка по состанокот, додавајќи дека тоа е гаранција за стабилност за Европа и нејзиното соседство.

Најнови вести од: Свет

Зеленски најде причина за одложување на нова украинско-руска средба

„Можам да го поканам Путин во Киев; нека дојде. Го поканувам јавно, ако одлучи, се разбира. Но, ако некој не сака да се сретне, но не може директно да го каже тоа од некоја причина, тогаш овие покани до Москва се упатени“, рече Зеленски.

Трамп им ги одзема сертификатите на сите авиони произведени во Канада и се закани со нови царини

Доналд Трамп денеска објави дека ги десертифицира сите авиони произведени во Канада и се закани со царина од 50% на увозот на тие авиони во САД, сè додека американските бизнис-авиони „Галфстрим“ (Gulfstream) не добијат сертификат за летање во Канада.

Никој не ја поседува нашата земја, велат староседелците на Гренланд

Речиси 90 проценти од населението на Гренланд, кое брои 57.000 жители, се домородни Инуити, кои се сметаат за чувари на Островот околу 1.000 години : Тие можат да поседуваат куќи, но не и земјиштето под нив

„Лукоил“ ги продава странските средства на американската „Карлајл“ за околу 22 милијарди долари

Компаниите што соработуваат со овие руски гиганти се соочуваа со секундарни санкции, што би ги исклучило од американските банки, трговци, превозници и осигурители – клучни елементи на глобалниот нафтен пазар. Поради тоа, „Лукоил“ беше принуден да ги продава своите странски активи.

To top