Македонија

ИТН бара смена на известувачот за Македонија во ЕП поради „антибугарска“ декларација

Партијата Има таков народ на Слави Трифонов, која има еден европарламентарец и 17 пратеници во бугарското Собрание, ќе бара отстранување на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, поради „антибугарска“ декларација за југозападниот сосед на Бугарија. Според пратеникот од ИТН, Станислав Балабанов, партијата на европратеникот од коалицијата на Зелените и на Европската слободна алијанса […]

Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија

Партијата Има таков народ на Слави Трифонов, која има еден европарламентарец и 17 пратеници во бугарското Собрание, ќе бара отстранување на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, поради „антибугарска“ декларација за југозападниот сосед на Бугарија.

Според пратеникот од ИТН, Станислав Балабанов, партијата на европратеникот од коалицијата на Зелените и на Европската слободна алијанса во Европарламентот усвоила антибугарска декларација, во која се тврди дека Бугарија принудила државјани на Албанија да се самоопределат како Бугари, иако се Македонци.

„Вчера нашиот претставник во ЕП, Ивајло Валчев, испрати писмо до Роберта Мецола, во кое ги посочува вознемирувачките факти за начинот на кој се одвивале состаноците за извештајот за напредокот на РСМ, како и наведува примери за низа дејствија од самиот главен известувач, кои се спротивни на правилата и можат да го доведат во прашање интегритетот на парламентот“, рече Балабанов.

Во име на пратеничката група, тој побара реакција од премиерот Росен Желјасков, од претседателот Румен Радев и од министерот за надворешни работи Георг Георгиев.

„Да не дозволиме заткулисниот притисок однадвор од Бугарија кон РСМ да направи сè што е можно и да ѝ го отвори патот кон ЕУ, без да ги исполни условите за приклучување“, рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Зголемен интерес за осигурување, за што одат најмногу пари?!

Осигурителниот пазар во Македонија бележи континуиран и умерен раст. Заклучно со септември, вкупната наплатена премија изнесува околу 1,08 милијарди денари, од кои 75,2 милиони денари се во осигурување на живот (нови полиси), а над една милијарда.

Пријави од 107 жители од Криволак против Љ.Т. (67) од Неготино, оти „навредувал на национална основа и повикувал да им се ускрати правото за гласање“

Граѓанинот од Неготино доби кривична пријава, поради „јавно изнесување невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес.“ – објави Министерството за внатрешни работи.

До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко попладнево информираше дека гласањето на болните, измоштените и затворениците се одвива непречено и без никакви потешкотии. До ДИК, како што рече, не е пристигнато ниту официјално ниту неофицијално известување за евентуални проблеми.

To top