Македонија

Ексдиректорот на „Геријатрија“ не се чувствува за виновен, вели не барал мито било недоразбирање

Судски процес

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.

Обвинителката Искра Хаџи Василева, во воведните зборови пред судот нагласи дека случајот е пример за длабоко вкоренета корупција во општеството.

-Пропорциите и интензитетот на корупцијата се толку многу длабоки што нѐ потсетуваат дека ја засегаат секоја сфера од нашето живеење, рече таа, додавајќи дека станува збор за директно, грубо барање мито од страна на директорот – износ кој бил предмет на преговори, а на крајот бил прифатен како минимален за да се изврши службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест.

Хаџи Василева посочи дека обвинетите дејствувале од лукративни причини, со цел лично богатење, искористувајќи ја ранливоста на пациентката и нејзината потреба за итна медицинска грижа. Таа истакна дека сведокот, кој е давател на доживотна издршка на пациентката, го пријавил случајот, а доказите кои ќе бидат презентирани пред судот јасно ги документираат коруптивните дејствија низ неколку сукцесивни настани.

Одбраната на обвинетите најави дека во текот на кривичната постапка ќе презентира докази во вид на статут, процедури и законски одредби кои произлегуваат од институцијата што ја застапувал обвинетиот Мухсин Арифи. Преку нив, како што посочија, ќе бидат отворени неколку правни прашања со цел да се докаже дека Арифи, како и Амити, не можеле, односно немале намера да извршат какво било кривично дело.

-Доказите кои ќе бидат изнесени и презентирани во понатамошниот тек од постапката, убедени сме дека ќе упатат на недоразбирање што настанало во овој т.н. кривично правен настан, соопшти одбраната.

Судскиот процес го водат судиите Ленка Давиткова и Илија Трпков.

Судењето продолжува на 16 септември, во 13 часот.

МИА

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Корумпираните од ДУИ не донесуваа закон за правична застапеност уште од 2003, оти си ги вработуваа внуците и партиските милитанти!

„Тие го сменија кривичниот законик, за да се спасат себеси и своите, оти се сите корумпирани, а ние ги менуваме законите, за да гарантираме правична застапеност на сите.“ – ја обвинува коалицијата Вреди партијата на Али Ахмети.

Син на еден од најбогатите Македонци со боксови нападнал татко и брат на екс сопругата на која не успеа да го го земе детето

Откако Врховниот суд ја утврди незаконската шема на повеќе судии и социјални работници и детето го врати кај мајката по што постапката ќе почне од почеток

ВМРО ДПМНЕ: Агенциите за разузнавање и за безбедност пет години го прислушувале Мицкоски, за да се одржат на власт СДС, Заев и Филипче!

Владејачката партија бара јавното обвинителство да отвори сеопфатна истрага околу овој прислушувачки скандал од невидени размери и да бидат изведени пред правдата сите, кои ги злоупотребувале агенциите за безбедност и разузнавање.

Нова меѓународна афирмација на поетската реч на македонски јазик: наградата „Поезија и луѓе“ за Никола Маџиров во Кина

„Никола Маџиров зрачи со светлечки хуманизам на една нова генерација поети. Неговото пишување продира во заборавените одаи на животот и ја штити светлината меѓу луѓето, таму каде што, длабоко во пепелта, останува незгаснатата искра на поезијата..“ – дел од образложението кон наградата, доделена на веќе нашироко познатиот македонски поет, кој ги шири својата поезија и мајчинiot македонски јазик низ светските меридијани, уривајќи ги и обесмислувајќи ги сите обиди за негација на македонската култура, на македонскиот јазик и идентитет.

To top