Македонија

Успешен старт на Ѓорческа на тенискиот турнир во Романија

Најдобрата македонска тенисерка без проблеми против домашната натпреварувачка во Слобозија

Лина Ѓорческа ја оправда улогата на трета носителка на тенискиот турнир во романскиот град Слобозија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 40 илјади американски долари, без проблеми изборувајќи се за пласман во второто коло.

Ѓорческа, неделава 282. на ВТА-листата во поединечна конкуренција, на стартот славеше со 6-3, 6-2 по 88 минути игра против Романката Симона Огеску (1036.).

Слњдна противничка на најдобрата македонска тенисерка, 31-годишната тетовка, утре од 9 часот ќе ѝ биде уште една домашна натпреварувачка, 21-годишната Бјанка Барбулеску (591.).

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

To top