
Елиф Елмас во 15. минута од натпреварот со Лихтенштајн од квалификациите за Светското првенство 2026 го оправда епитетот „дијамант“ со феноменалниот погодок за водство на Македонија, но УЕФА му го одзеде и го прогласи за автогол на голманот Бенјамин Бухел.
Повратникот во Наполи со соло-акција направи слалом низ противничката одбрана, нанижувајќи шестмина играчи заедно со Бухел, биеше преку него, топката притоа ја допре левата нога на голманот, но не го смени правецот и заврши во мрежата.
И тоа за УЕФА беше доволно мајсторијата на Елмас да не му биде броена за 14. погодок во националниот дрес…