Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да се произнесе за случајот „РЕКЕТ 2“

Коцевски да не молчи за случајот во кој се вплеткани поранешните од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми и се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен

„Коцевски да не молчи за случајот Рекет 2 во кој се вплеткани поранешните од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми и се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен.

Граѓаните имаат право да знаат кој бил рекетиран?

Во кој временски период се случувале овие настани?

Кои се причините и за колку средства овие тројца сакале да го изрекетираат бизнисменот?

Дали е вплеткан и познат скопски адвокат и како одела шемата на рекетот? Дали се вмешани и поранешни функционери од СДС и од ДУИ?

ЈО и Коцевски да го расчистат случајот, правда и одговорност мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Дали претседателката на албанскиот парламент Спиропали се меша во внатрешните работи на суверена Македонија, велејќи „Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од нејзините државотворни столбови“?!

„Претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, реагираше по протестот на албанските студенти во С.Македонија, оценувајќи дека самиот факт што младите се принудени да протестираат за правото на употреба на албанскиот јазик докажува дека проблемот не е процедурален, туку политички, институционален и морален. Во својата реакција, Спиропали нагласува дека студентскиот протест ги истакна нерешените прашања кои, според неа, не се појавуваат само во парламентарните дебати или политичките изјави, туку и на улиците, преку гласовите на младите кои бараат почитување на основните права.“ – ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Оваа агенција го пренесува, покрај другото и ставот на Спиропали, која наведува: „Албанците во С Македонија не бараат привилегии. Тие бараат она што требаше да се реши пред многу години и за кое во овој век повеќе не треба да се дискутира. Албанците како политичка етничка група, албанскиот јазик и колективните права мора да бидат јасно, цврсто и недвосмислено дефинирани во Уставот на државата, бидејќи Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од државотворните столбови на самата С.Македонија.“ Со ова се отвора сериозна дилема: дали претседателката на албанскиот парламент се меша свесно во внатрешните работи на суверена Република Македонија, обидувајќи се да ѝ дели „лекции“ за уставно (пре) уредување на македонската држава?!

Филков: Правосудниот испит се спроведува согласно со законите! Удар врз уставниот поредок се тврдењата дека законската обврска за познавање на македонскиот јазик е дискриминација!

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, вели министерот за правда, Игор Филков во својата реакција за протестите за полагање на правосуден испит на албански јазик.

Кастеланета: Западен Балкан не може да биде изоставен од интеграцијата во ЕУ, во спротивно постои опасност од надворешни влијанија

Западен Балкан не може да биде изоставен од интеграцијата во Европската унија. Земјите чекаат на интеграција од 2003 година, порача генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива, амбасадорот Џовани Кастеланета на денешниот форум за Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот Регион (ЕУСАИР) што се одржува во Скопје. – Проширувањето е инвестиција во иднината на Европа. Доколку ги одложуваме ваквите активности ќе треба да се плати цена односно постои ризик од потпаѓање на надворешни влијанија. Токму затоа се обидуваме да воспоставиме процес кој ќе овозможи предвидливи активности. Пред неколку дена имавме средба во Братислава каде се потврди важноста на проширувањето и се утврди дека треба да се преземат постепени мерки за интегрирање на Западен Балкан во Европската унија, рече Кастеланета.

Лефков: Зошто Советот на јавни обвинители молчи за прекинот на случајот „Мазут“, еден од најголемите енергетски скандали во историјата на Македонија?!

„Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка.“ – посочи пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетски прашања

Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или наликуваат на уставен инженеринг се оние кои се иницирани однадвор

Најнови вести

To top