Свет

Туск: Најблиску сме до воен судир од Втората светска војна

Варшава побара активирање на Член 4 на НАТО и нагласи дека на Полска ѝ се потребни поконкретни мерки од само изрази на солидарност

Премиерот на полска Доналд Туск изјави дека неговата земја е поблиску до вооружен конфликт отколку во кое било кој момент по Втората светска војна, објави Скај њуз.

Туск рече дека Варшава побарала активирање на Член 4 на НАТО и нагласи дека на Полска ѝ се потребни поконкретни мерки од само изрази на солидарност.

Член 4 дозволува секоја членка на алијансата да го покрене прашањето во рамките на блокот, но не подразбира воен одговор.

Според него, преку ноќ биле регистрирани 19 упади во полскиот воздушен простор, а четири беспилотни летала биле соборени.

Голем број од беспилотните летала дошле од правец на Белорусија, додаде Туск.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top