Македонија

Бугарска експратеничка за двојните државјанства: Наскоро ќе нè владеат Турци, Евреи, Македонци, Украинци

Бивша пратеничка на Преродба загрижена дека и новопечените Бугари од македонски „произход“ наскоро ќе владеат со Бугарија

Елена Гунчева-Гривова, адвокатка од Пловдив и пратеник во бугарското Народно собрание од националистичката партија Преродба во 2021-2022, се загрижила дека наското сосем легално со Бугарија би можеле да владеат, меѓу другите, и Македонци благодарејќи на двојните државјанства.

„Оваа година повторно има многу ‘нови’ Бугари – тие добија бугарско државјанство со одлука. Тоа се луѓе од Турција, Украина, Македонија, а од неодамна се зголемуваат барањата за бугарско државјанство од Израел. Од 2019 година над 87.000 луѓе зедоа бугарско државјанство. Јасно е дека не сите од нив се од бугарско потекло, тие едноставно ги користат дупките во законот. Многумина од Украина и Израел сакаат и добиваат бугарско државјанство, како и многу Турци.

А сега да ве потсетам дека промените во Уставот предвидуваат дека и лицата со двојно државјанство можат да станат членови на парламентот. И да ве потсетам на ужасната изборна измама што се случува во Бугарија. Кој и да сипе многу пари во изборите, може да го натера секого да биде пратеник. Дали мислите дека е многу можно многу наскоро да нема ниту еден Бугарин во бугарскиот парламент? Дали мислите дека Украинец, Македонец, Евреин, Турчин или Арапин може да ги заштити бугарските интереси во парламентот? Дали мислите дека тие нема да размислуваат за својата вистинска татковина и соодветно да донесуваат одлуки во нејзина корист, а не во корист на Бугарија?

Во многу земји двојното државјанство не е дозволено, а камоли таквите луѓе да учествуваат во законодавната и извршната власт. Сепак, ние сме разграден двор од секаде. И никој не протестира против вистинските проблеми. Бидејќи, на пример, ова двојно државјанство е многу поопасно од усвојувањето на еврото, верувајте ми. И ќе има многу подолгорочни последици, веројатно фатални.

Се раѓаат сè помалку бугарски деца. Секое второ или трето дете не е Бугарче, а неговиот мајчин јазик не е бугарски. Постојат заедници каде што раѓањето 7-8 деца и раѓањето од 12-годишна возраст е сосема нормално. Но, истите заедници ретко се појавуваат на пазарот на трудот, туку само во канцелариите за социјална помош.

Зошто ги изедовме жабите? Од една страна, евроатлантистите се убедени дека не било добро Русија да нè ослободи од турското ропство. Од друга страна, на чело на нашата влада три децении се национални предавници, пред кои дури и Иванчо Хаџипенчовиќ, убиецот на Левски, се чини дека е загрижен за Бугарија.

Наскоро, сосема легално ќе нè владеат Турци, Евреи, Македонци, Украинци. И ќе си замислуваме дека имаме бугарска држава…“, напиша Гунчева-Гривова на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top