Македонија

Семејството Чифлиганец објави порака од загинатиот Душко и се заблагодари на сите што сочувствуваат во трагедијата

Секоја ноќ бидете благодарни за тоа што било, и секое утро за тоа што ќе биде

Голема благодарност до сите што со своето присуство, збор и подадена рака ја споделија нашата болка.
Со почит,
Семејство Чифлиганец

Ова е пораката која што семејството Чифлиганец и компанијата Адора ја објавуваат на 40 дена од смртта на младиот Душко.

Тие во објавите за моментот објавуваат и порака од покојниот испратена на денот кога наполнил 32 години:

Поминаа 40 дена од прераното заминување на нашиот Душко Чифлиганец, во срцата на сите нас – тимот на Адора, болката е сè уште свежа, а празнината што ја остави неизмерна. Но истовремено, со голема љубов и благодарност се навраќаме на спомените за младиот човек кој со своето постоење внесе светлина, добрина и човечност во секој наш ден.

Душко беше симбол на младешка енергија и искреност. Неговата насмевка знаеше да ја разведри целата просторија и да нè потсети дека во животот најважни се едноставните, искрени моменти со луѓето што ги сакаме и почитуваме. Тој ја поседуваше ретката дарба да допре до секого – без разлика дали стануваше збор за краток разговор, шега, или едноставен гест на внимание и поддршка.

За нас, тимот на Адора, Душко беше повеќе од млад член на едно големо семејство. Тој беше дел од нашето секојдневие, работа, радости и предизвици. Иако млад, во себе носеше мудрост што нè изненадуваше и нè учеше. Знаеше да слуша, охрабри и да покаже дека вистинската сила не е во гласните зборови, туку во тивките гестови на човечност и внимание. Неговото срце беше големо, отворено за луѓето околу него, без предрасуди.

За неговиот 32 роденден, Душко ни подари ружа со порака која ја чувствуваме како негов аманет:
„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа што било, и секое утро за тоа што ќе биде. Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса за љубов, среќа и животот што го посакуваме. Добрата мисла, мирниот ум и спокојот, нека ве водат низ животот. Споделете ја љубовта со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив. Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро. Амин.“

Недостигањето е огромно. Секој од нас во Адора носи свој личен спомен – заедничка приказна, фотографија, шега или разговор кои ќе останат засекогаш. Тие мали моменти, собрани заедно, ја раскажуваат големата приказна за Душко – млад човек со чиста душа, со искрено срце и со светлина која нема да згасне.

На овој ден, ние, неговите колеги, сакаме да кажеме дека Душко ќе остане дел од нашите срца засекогаш. Ќе остане во нашите мисли секогаш кога ќе постигнеме нов успех, секогаш кога ќе создадеме нешто ново, секогаш кога ќе се сетиме дека суштината на животот не се само резултатите и достигнувањата, туку и добрината, човечноста и љубовта што ја оставаме зад себе, како што секогаш ни велеше нашиот Душко.

Нека неговата добрина остане наш патоказ, неговата искреност наш завет, а неговата љубов кон луѓето наша обврска да продолжиме да го негуваме она што тој го претставуваше, пишува во пораката од семејството Чифлиганец.

Најнови вести од: Македонија

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

Генијалецот Македон Димитровски со само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ во САД!

Голем успех постигна Македон, кој е примен во престижната Програма на американскиот универзитет, наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

Стојановски: ДКСК да ја изработи анализата за законот за Скопје „Европска престолнина на културата“ и да ја достави до предлагачите

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниска говорница рече дека тој и уште 24 други пратеници 45 дена од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси чекаат антикорупциска анализа на закон за спроведување на проектот Скопје Европска престолнина на културата.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации

Владата подготвува закон да можат граѓаните самите да докупат до две години работен стаж за пензија

Граѓаните, на кои им недостигаат најмногу две години работен стаж, наскоро би можеле да добијат можност сами да си ги уплатат придонесите за да остварат право на старосна пензија, за да го исполнат законскиот минимум од 15 години. Оваа можност ја најави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Според предложеното законско решение, […]

Најнови вести

To top