Македонија Спорт

Легендарниот ексракометар на Вардар, Тимур Дибиров, ја заврши кариерата

Тимур Дибиров, двократен освојувач на ракометната Лига на шампионите со Вардар, со уште една титула првак на Хрватска со Загреб на 41 година стави крај на богатата играчка кариера како едно од најдобрите леви крила во историјата на овој спорт. „Пријатели, ова беше последен натпревар во мојата кариера, на малото момче кое сонуваше да игра […]

Тимур Дибиров, двократен освојувач на ракометната Лига на шампионите со Вардар, со уште една титула првак на Хрватска со Загреб на 41 година стави крај на богатата играчка кариера како едно од најдобрите леви крила во историјата на овој спорт.

„Пријатели, ова беше последен натпревар во мојата кариера, на малото момче кое сонуваше да игра ракомет со своите другари и ништо повеќе од тоа. Благодарност до моето семејство, сопругата, децата, родителите… кои ме поддржуваа, моите клубови, репрезентацијата и соиграчите, тие се најдобри на светот. Ќе ми недостигаш ракомету“, на Инстаграм објави Русинот кој има и македонско државјанство.

Дибиров остави неизбришлива трага во растежот на Вардар во европски гигант, а со вкупно 660 гола во деветте сезони во црвено-црниот дрес е најдобриот стрелец во ЛШ на најтрофејниот македонскиот ракометен колектив.

По Вардар три сезони помина во Загреб, а во Скопје дојде од Чеховски медведи од Русија, во чија репрезентација со години беше лидер.

Најнови вести од: Македонија Спорт

(Фото): Скопје на петто место по загаденост во светот

Со над дваесет пати гоголеми вредности на најштетните ПМ честички според просекот на СЗО и оценка дека воздухот не е здрав за вдишување, Скопје сега е трет град во светот по параметрите на загаденост, покажуваат податоците од платформата IQAir.

Наскоро нов булевар во Скопје – активно се работи на клучката кај Момин Поток

Активно се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата, напиша градоначалникот на Скпоје, велејќи дека се отстрануваат објектите коиу се наоѓаат на трасата.

To top