Спорт

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски се пласираше на 58-то место на Светското првенство во атлетика во Токио

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши Светското првенство во атлетика во Токио.

instagram.com/ivanovski_daryo/

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши Светското првенство во атлетика во Токио.

На маратонската трка, Ивановски покажа истрајност, дисциплина и национален дух. Во конкуренција од 88 маратонци, Ивановски се пласираше на 58-то место, со време од 2 часа 26 минути и 31 секунда.

Трката беше исклучително тешка, со високи температури и интензивно темпо, што го потврдува и фактот дека 22 натпреварувачи не успеаја да ја завршат. Но Дарио, со цврста волја и спортска зрелост, го издржа предизвикот и стигна до целта. 

Потсетување Македонија на Мундијалот во Токио имаше само двајца свои претставници.

Покрај Дарио, вчера свој настап имаше и Адријана Поп Арсова Рашиќ која маратон го заврши на 63 место.

Најнови вести од: Спорт

To top