И покрај црната серија без победа и постигнат гол, повратникот во македонската фудбалска репрезентација Дарко Чурлинов не нејавува бело знаме пред гостувањето во Шкотска в петок во Лигата на нациите.
„Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски. Денес нема репрезентација што не може да се победи, така што тоа треба да го покажеме на теренот“, изјави играчот на полски Погон Шчечин.