Македонија

Започна штипската „Пастрмалијада“

Започна 17. издание на традиционалната манифестација

Со сечење на огромна пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ започна 17-тото издание на штипската манифестација „Пастрмалијада“.

По тој повод, во Штип беше присутен вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, заедно со пратениците во Собранието, Никола Мицевски и Душко Иванов.

Николоски нагласи дека ваквите настани и манифестации се клучни за локалните економии, бидејќи посетата од страна на граѓаните ќе донесе влез на неколку милиони евра во градот и за бизнисите. “Мислам дека градоначалникот прави одлична работа. Сакам да му честитам за ова што го прави досега и убеден сум дека следниот период ќе има уште поголеми успеси и работи. Посакувам убава дружба и убави моменти да имаат не само штипјани, туку сите кои ќе ја посетата манифестацијата,” изјави Николоски.

Тој потенцираше дека Владата продолжува да го поддржува Штип, а бројни инфраструктурни проекти се во тек на реализација во делот на патната мрежа, како и во делот на канализациски и водоводни системи и во делот на образованието. “Работиме и големи проекти, знаете дека интензивно се работи на браната Отиња, но исто така и на целосна урбанизација околу браната. Она што е Мавровското езеро за западна Македонија треба да стане браната Отиња за источна Македонија. Штип покрај универзитетски, бизнис центар стане и туристички центар за овој дел на Македонија и во таа насока е урбанизацијата на делот околу бањата Кежовица и таму има голем туристички потенцијал. Така што навистина имаме големи планови за Штип, дел се реализираат, дел се во процес на реализација и секога тука доаѓам со задоволство и заедно со пратениците и градоначалникот работиме на реализација на проектите,” вели Николоски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека во следните два дена Штип ќе биде домаќин на голем број посетители од земјата, но и од странство. “Она што сакам да го потенцирам Штип наредните денови ќе има прилив на средства кои ќе ја поддржат локалната економија, всушност тоа е суштината на одржување на „Пастрамалијадата“, како манифестација. Така да се надевам и убеден сум дека штипјани во наредните денови ќе бидат добри домаќини и дека ќе ги угостиме сите посетители не само од другите градови, туку и од другите држави,” рече Јорданов.

Тој додаде дека соработката со Министерството за транспорт и врски и со Владата е голема, и воедно се заблагодари на вицепремиерот, кој, не само на отворањето на манифестацијата, деновиве ќе биде присутен и на многу други случувања, кои ќе се организираат во Штип, во насока на развој на нашиот град.

Најнови вести од: Македонија

Европската слободна алијанса го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија!

„Европскиот суд за човекови права утврди дека се прекршени правата на македонското малцинство во Бугарија: Македонците не беа признати, а македонските организации не беа регистрирани. И покрај дадените препораки, сè уште до денес ниту една македонска организација не е успешно регистрирана. Пример е нашата партија- членка на ЕФА ОМО Илинден-Пирин, на која сакаме да ѝ ја потврдиме нашата поддршка и нашата посветеност кон правдата, еднаквоста и правата на малцинствата низ цела Европа.“ – истакна вчера, на 20 ноември 2025 година во својата официјална изјава Европската слободна алијанса – ЕФА, европска политичка партија, која е сочинета од регионални и малцински политички парти од европскиот континент, а меѓу нив и ОМО „Илинден – Пирин од Бугарија.

Премиерот Мицкоски денес ќе учествува на Самитот на лидери во Тирана

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес, на 21 ноември 2025 година, ќе присуствува на Самитот на лидери, кој кој ќе се одржи во Тирана, во Република Албанија, под мотото „Нашиот план до ЕУ“.

Мехмети: На ДУИ ѝ тргна наопаку и без длабоки реформи таа ќе замине во политичката историја!

„Алармот на ДУИ е вклучен. Овој конгрес може да биде последната шанса да се врати изгубената доверба. Ако има размислување, самокритика и храброст за длабоки реформи, може да се роди нова ДУИ, поодговорна и поблиска до граѓанинот. Но, ако сè остане на ниво на зборови и расудување, тогаш патот е јасен: партијата што некогаш ги водеше Албанците, се изложува на опасност да замине во политичката историја.“ – нагласува новинарот Емад Мехмети од Скопје во својата колумна со наслов „Решавачки конгрес на ДУИ: дали ќе донесе ново, или ќе се изложат на опасност да заминат во историјата?!“.

Мицкоски во Тирана на отварање на клубот „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Мицкоски ја нагласи можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, а таа можност ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија

To top