Свет

Путин се прави дека не знае англиски

Тој е манипулатор. Единственото нешто што може да го сопре е силата и моќта

„Мора да ги гледате Путин и Русија како експанзионистичка сила. Тој сака да ја обнови Руската империја, само погледнете ја историјата. Дајте му еден сантиметар, ќе побара милја“, изјави генералот Кит Келог, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.

„Мораме да го запреме Путин сега“, рече тој за „Телеграф“.

Келог забележа дека Путин „никогаш не престанал да биде“ агент на КГБ.

„Тој не го разбира Западот. Се преправа дека не зборува англиски, но го разбира, а ние го фативме неколку пати претходно. Тој е манипулатор. Единственото нешто што може да го сопре е силата и моќта“, рече тој.

Тој додаде дека на фалењето на Русија дека е силна нуклеарна сила мора да се одговори, а не да се игнорира, и потсети на разговорот на Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Кога Севернокорејците му кажаа дека се нуклеарна сила, одговорот на Трамп беше:
„И ние. И јас имам црвено копче. Поголемо е од твоето и моето работи подобро“.

Путин е реалист и ако ги зголемите влоговите, тој ќе се повлече“, рече тој.

Генералот, исто така, повтори дека големото нарушување на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала на 10 септември не било случајно и дека Русија ја тестира реакцијата на Западот.

Најнови вести од: Свет

Орбан: Турција гарантира снабдување со гас за Унгарија преку „Турски тек“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан постигнаа договор според кој Турција ќе гарантира непречено снабдување со руски гас за Унгарија, преку гасоводот „Турски тек“.

„Ни педа“: Зеленски за притисокот од САД да се откаже од територии

Постојат клучни територијални прашања што треба дополнително да се дискутираат: кој што контролира, кој каде останува, кој се повлекува и, ако Украина се повлече од линијата, како да се обезбеди дека Русија ќе го стори истото и нема да продолжи да се бори

To top