Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Од Левица се заплеткаа во лагите и признаа дека парите завршиле во џебовите на раководството!

„Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Ако е вистина улогата на сметководител, тогаш Мојсоска сериозно го прекршила законот!“ -обвинува владејачката партија.

„Од Левица се заплеткаа во лагите: на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни!“ –  соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ истакнува: Парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица. Мојсоска, која изнесе информација дека била сметководител на Левица, требало да знае дека тоа е противзаконско, ако  ја говори вистината.  Правниците од Левица би требало да знаат дека во Законот за пратениците јасно е наведено: „Член 4: Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално. Член 5: Пратеникот нема право да врши други јавни функции, или професии, кои согласно со законот се неспојливи со функцијата пратеник. Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“

Законот е јасен: Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Ако е вистина улогата на сметководител, тогаш Мојсоска сериозно го прекршила законот. Бегајќи од вистината, Левица се заплетка во сопствените шеми за извлекување партиски пари за лични потреби на раководството. Вистината излезе на виделина: под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост,  Од Левица испумпуваат пари на личните трансакциски сметки.

Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кои се извлекуваат пари. Вистината е на виделина: Левица не е отпорна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа. –  соопшти владејачката партија

Најнови вести од: Македонија

Само вчера фатени уште 11 лица, кои возеле без возачка дозвола! – Возилата им се одземени!

Некои воопшто немале дозволи, некои имале активна забрана на дозволите, а двајца од нив се малолетници, кои возеле без возачка дозвола. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Уште еден протестант се извини на „цела Влада“, на „цела Македонија“: Не знаев што зборувам од стрес, згрешив!

На протестите против проектот „Безбеден град“ неколку граѓани јавно упатуваа закани за физичко насилство и убиства. Сега тие еден по еден во последниве неколку дена во свои снимени видеа „се извинуваат на владата, на министрите, на државата и на целата јавност“. Тие „објаснуваат“ дека во тие моменти „се наоѓале во стрес, во афект, нервоза и страв“. А сега пре целата јавност „изразуваат каење за своите постапки“ и на сите „им упатуваат извинување“!

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата на Македонија за зголемување на платите

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ.

Во пресрет на Милано Кортина 2026, “Самсунг Куќата“(Samsung House) официјално отворена во срцето на Милано

Во срцето на Милано, “Самсунг“ (Samsung), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, официјално отвори “Самсунг Куќа“ (“Samsung House”) во историската палата Сербелони (Palazzo Serbelloni)1 – нов центар за спортистите, медиумите и партнерите во текот на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри Милано Кортина 2026.

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за примање поткуп при издавање лични документи

Двајца полицајци, една професорка и еден пожарникар се под кривична истрага затоа што за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола. Полицаецот од Интервентна полиција го поттикнувал колегата, кој фотографирал и примал барања за лични документи да ги прими граѓаните преку ред, со што се создал паралелен неформален начин на вадење документи за кој примале одреден паричен надомест. Сите ќе се гонат кривично за злоупотреба на службена положба, примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Минчев: Заев и Филипче ја окупираа СДСМ и ја водат во политичка пропаст!

„СДСМ денес е окупирана партија од актуелното раководство, поточно од двоецот Заев – Филипче, кои се водат исклучиво од лични интереси. Сѐ додека ова раководство е на чело на партијата, СДСМ не оди кон обнова, туку кон политичка пропаст. СДСМ ќе оди во пропаст се додека не се расчисти со нив.“ – вели во интервју за неделникот „Фокус“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев. Тој нагласува дека „ваквата оценка ја изнесува со политичка одговорност и со жалење, имајќи ја предвид историската улога што СДСМ ја имал во државата“.

Најнови вести

To top