Македонија

МВР има суштински пристап во борбата против корупцијата, вели Тошковски

Решени голем број случаи на корупција и во МВР

Големиот број инфлагрантни коруптивни случаи што МВР ги откри во изминатата година покажуваат дека МВР има поинаков суштински пристап во бробата против корупцијата, но секако дека уште многу треба да се работи на оваа тема за да имаме значително намалување на корупцијата во Македонија. Сметам дека сме на прав пат, но не чека многу работа, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Прашан како МВР се справува со корупцијата, Тошковски вели дека се работи многу на тоа поле и дека огромен број на случаи и процесни дејствија се преземени од Одделот за внатрешна контрола во изминатата година.

-Гледаме резултат од тоа, во насока на процесуирање на сите оние постапки во рамки на МВР, соодветно санкционирање на оние коишто нечесно, непрофесионално, недостоинствено и коруптивно се однесуваат во рамки на внатрашените редови на МВР и покажуваме дека навистина имаме јасна визија во тоа, дека во иднина местото на професионалците, на чесните и оние кои си ја сакаат Македонија е во рамки на МВР, останатите не треба да се дел од безбедносните структури, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

Во однос на фемицидот во Велес и дали се прави контрола за тоа како постапувала полицијата, Тошковски вели дека внатрешна контрола постапува и штом ќе биде завршена работата јавноста ќе биде информирана.

Во однос на реакциите на ДУИ за полициските униформи на македонски јазик и дали ќе има двојазични, Тошковски, вели дека тој закон е донесен од 2018 година и ДУИ имале можност во минатото да покажат негова имплементација.

-Во она коешто се преземаат како чекори од наша страна, во целост постапуваме согласно закон и согласно важечките правилници. Повторно ќе кажам дека овој правилник е донесен во времето кога власт во Македонија беа ДУИ и СДСМ, изјави Тошковски.

Прашан за реакциите по интонирањето на албанска наместо македонска химна пред фудбалски натпревар во Желино, Тошковски вели дека законот во Македонија е јасен и треба да се применува, и секој којшто не го применува ќе сноси соодветни санкции во рамки на законот.

-Како за сите претходно, така и за овој настан, доколку се утврди во рамки на доказна и процесна постапка дека имаме прекшрување на законот. Еднаш засекогаш во Македонија треба да сфатиме дека тоа што сме се договориле да го имплементираме, а е ставено во закон, мораме да го почитуваме, изјави Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top