Македонија

Излета од пат и се запали цистерна со нафта

Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, информираше директорот на ДЗС, Ангелов

На регионалниот пат Гевгелија-Богданци, денеска излетала цистерна полна со нафта, која истекла и се запалила, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира.

„Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата.

ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола.

Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум, информираче Ангелов.

 

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top