Спорт

„Пламнаа“ билетите за македонските фанови за реваншот со Белгија во Гент

За три недели распродадени сите 1.000 влезници наменети за гостинските навивачи, соопшти ФФМ

Сите илјада влезници наменети за македонските навивачи за реваншот со Белгија на 10 октомври во Гент од квалификациите за Светското првенство 2026 се распродадени, соопшти Фудбалската федерација на Македонија.

„Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.

Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија.

Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, немаме можност за дополнителна количина на билети“, се вели во соопштението.

Првиот меѓусебен дуел во Скопје со топ-фаворитот во групата Ј заврши нерешено 1:1.

Македонија води на табелата со 11 бода од пет одиграни средби, пред Белгија со 10 и натпревар помалку и Велс со 10.

 

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top