Македонија

ОМО „Илинден“ предлага заедничко чествување на културната автономија на Пиринска Македонија

Историјата не треба да разделува – таа треба да обединува, порачува организацијата на Македонците во Бугарија

Обединетата македонска организација „Илинден“ – Благоевград на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања ѝ предлага Бугарија и Македионија заеднички да го чествуваат проголасувањето на културната автономија на Пиринска Македонија.

ОМО ‘Илинден’ – Благоевград, како организација која се залага за заштита на културните и историските права на Македонците во Бугарија, го поднесува следниов официјален предлог до заедничките историски комисии на двете држави и двата народа:

➡️ Во официјалниот календар на заеднички чествувања помеѓу Република Бугарија и Република Македонија да биде вклучен настанот од 9–10 август 1946 година – прогласувањето на Културната автономија на Пиринска Македонија.
🇲🇰 Овој настан претставува важен, иако краткотраен, чекор кон признавање на идентитетот и културните права на македонското население во Пиринскиот крај.
🤝 Неговото заедничко одбележување би било израз на добра волја, демократско разбирање на историјата и почит кон различноста на Балканот.
Ги повикуваме историските комисии да пристапат со храброст, историска одговорност и човечко достоинство и да го вклучат овој настан во заедничката историска меморија на двата народа.
🕊️ Историјата не треба да разделува – таа треба да обединува“, се вели во предлогот.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top