Македонија

Кој го намести Филипче да влезе во војна со Стејт Департментот на САД

Дури и ако сам решил да влез во конфликт со Вашингтон требало некој да му каже да не го прави тоа

Кој го намести Филипче да влезе во војна со Стејт Департментот на САД е прашањето кое вчера и денеска се поставува на повеќе локации, на Бихаќка, меѓу странските дипломати во Скопје но и во Вашингтон.

Досега тој не се извини јавно за навредата во која шефот на Бирото за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД го нарече најнизок функционер.

Сега среде кампања на Бихаќка се бара кривец за дипломатскиот гаф кој го направи партијата отварајќи конфликт со најмоќната светска дипломатска машинерија.

Партиски извори на Бихаќка кои не се во првиот дипломатскиот тим околу Филипче не можат да кажат дали лидерот го направил гафот сам поради незнаење и неискуство или пак војната со Стејт департментот на САД му ја наместиле партиски колеги.

,,Отварање дипломатски конфликт со владата на САД е поразително затоа што до вчера се колневме во поддршката од Вашингтон”, вели искусен дипломат близок на СДСМ кој завчера предупреди дека Филипче не смее да ги навредува американските функционери особено не Брендан Харнахан, десната рака на државниот секретар на САД Марко Рубио.

Сосема е можно Филипче гафот и кавгата со Вашингтон да ја направил сам во момент на емоција и фрустрација но тоа не ги оправдува неговите партиски колеги од Комисијата за надворешни работи кои по изјавата на настан на партискиот институт Прогрес не му укажале дека е самоубиствено да навредува високи американски дипломати.

Во тимот на Филипче има неколку екс дипломати меѓу кои екс амбасадорите Љубомир Фрчкоски и Андреј Жерновски кои точно знаат дека навреда на било кој странски дипломати а особено на првиот оперативец за Европа во Стејт департментот е глуп чекор.

Уште поглуп е ако се знае дека Филипче инцидентот го направи со цел да ја навреди претседателката Гордана Сиљановска Давкова која ја обвини за изолација а таа претходниот ден се сретна со Харнахан.

Филипче го игнорираше фактот дека на годишното заседание на Генералното собрание Сиљановска според медиумските информации имала средба со шефицата на европската дипломатија Каја Калас и со сите лидери од З. Балкан, била на повеќе настани со претседавачката на Генералното собрание Бербок, на дебата со најважните жени на светот, била единствената воведничарка на дебатата на ОН за младите, воведничарка на одбележувањето 30 години од Пекиншката конференција за жените и Пекиншката декларација, одржала говор на Конкордија Самитот, имала интерактивно предавање на Универзитетот Колумбија, на настан во Харвард клубот …

Проблемот на Филипче не е само САД затоа што со ги игнорирањето на сите средби и активности на претседателката со тоа ги положил и сите луѓе со кои Сиљановска се сретнала или имала контакт во Њујорк. А такви се десетици од десетици земји кои може да прашаат дали сите со кои се сретнала Сиљановска Давкова се второкласни како што вели лидерот на СДСМ.

Како Филипче го навреди првиот оперативец во Стејт департментот на САД на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Во 21 век во македонските села нема матични лекари – секој се снаоѓа како знае и умее

Директорот на Фондот ги повика сите заинтересирани да дадат предлози какви мерки да се воведат за да се смени оваа состојба. Ги повикува сите матични лекари кои работат во руралните подрачја, како и кој било заинтересиран, вклучувајќи го и Здружението на приватни лекари, да дадат предлози да работат како рурални матични лекари.

За малку ќе се степаа приватните превозници со директорот на „ЈСП Скопје“

Врие вербалната пресметка помеѓу приватните превозници и ЈСП превозниците тврдат дека ЈСП има заостанат долг од 170 милиони денари кон нив од кои 90 милиони веќе се доспеани, директорот Кушовски им рече долгот постепено се намалувал, но чуда не може да направиме.

To top