Бизнис

Колку милиони евра потрошиле Македонците на онлајн купување?!

Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 231,1 милиони евра, остварен пораст од 19,7%.

Во првата половина од годинава вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 456 милиони евра, што претставува пораст од 34,3% во однос на истиот период минатата година, покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија. Кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 255,1 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички, односно остварен е пораст од 21,4%. При тоа од македонски иматели на платежни картички кон домашните е-трговци направена е вредност од 231 милиони евра, што претставува пораст од 19,7%, додека од странци направена е вредност од  24 милиони евра со пораст од 40,8% во однос на истиот период минатата година.

Од друга страна, Македонците во странство направиле онлајн трансакции во вредност од 201 милиони евра односно 55,1% пораст во однос на истиот период минатата година.

  • Трендот на растот на трансакциите кон странските е-трговци најмногу се поврзува со појавата на Тему, кој за кратко време привлече голем број на купувачи со широка понуда, ниски цени и бесплатна достава дури и за најмали нарачки – вели претседателката на АЕТМ Нина Ангеловска Станков.

Вкупната вредност на онлајн трансакции е остварена со направени 13,8 милиони трансакции што претставува пораст од 33,8%. Најголем пораст на бројот на онлајн трансакции има кон странските е-трговци остварени од домашни платежни картички, односно направени се 6,1 милиони трансакции, или за 75% повеќе во однос на минатата година.

Просечната трансакција на вкупните онлајн трансакции изнесува 33,2 евра, скоро исто како и минатата година. Поголем раст на бројот на онлајн трансакциите во однос на вредноста на онлајн трансакциите е забележан кај купувањата од домашните иматели на платежни картички кон странски е-трговци, што доведува до пад на просечната трансакција од 11,3 %, со што оваа вредност е дури помала од просечната трансакција на домашните онлајн купувачи кон домашните е-трговци.

Во текот на првите 6 месеци од 2025 година, регистрирани се 120 новоотворени онлајн продажни места, што претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top