Македонија

Одложено гласањето за нацрт извештајот во ЕП за Македонија за 24 јуни

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни. Иако Вајц истакна дека цврсто стои зад содржината на извештајот, тој одлучи да им даде простор на европратениците, главно од Бугарија. Европскиот парламент повикува на брз прогрес во […]

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни. Иако Вајц истакна дека цврсто стои зад содржината на извештајот, тој одлучи да им даде простор на европратениците, главно од Бугарија.

Европскиот парламент повикува на брз прогрес во преговорите за пристапување, истовремено нагласувајќи ја важноста на усвојувањето на неспроведените уставни амандмани; ги охрабрува сите политички партии во Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус за овие амандмани, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало нејзиниот напредок кон членство во ЕУ”, се нагласува во Предлог-извештајот на Вајц, кој е известувач на ЕП за нашата држава.

Инаку, во извештајот се споменува важноста од зачувување на динамиката и доверливоста на процесот на европска интеграција и се истакнува дека нашата земја продолжува да покажува посветеност кон евроинтеграцијата и усогласување со политиките на ЕУ.

Во документот се наведува дека демократските институции во државата функционираат “задоволително”, но дека политичката поларизација останува пречка за неопходните реформи. Се апелира на засилување на напорите за унапредување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и унапредувањето на транспарентноста околу сопственоста на медиумите.

На основниот предложен текст на Извештајот, кој беше објавен на 18 март, беа доставени вкупно 313 измени, од кои повеќето дополнително објаснуваат или надополнуваат одредени делови од текстот, но има и такви кои воведуваат нови содржини или оценки. Посебно внимание привлекоа измените кои го нагласуваат македонскиот јазик и идентитет.

Вајц и претседавачот на АФЕТ, германскиот европратеник Дејвид Мекалистер, предлагаат измени за вметнување нова Точка Д-а со идентична содржина: „Со оглед на тоа што ЕУ постојано го покажува своето признавање на македонскиот јазик и идентитет”.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top