Свет

Руски дрон удри во украински воз, десетици повредени (ВИДЕО)

Главниот помошник на Зеленски, Андриј Јермак, ја обвини Русија за намерно гаѓање на станицата и возот, велејќи дека води „војна против цивили“

Најмалку 30 лица се повредени во напад со руски дрон врз железничка станица во украинскиот град Шостка во Сумиската област, потврди претседателот Володимир Зеленски, објави Скај њуз.

Украинскиот претседател објави на социјалните мрежи: „Дивјачки напад со руски дрон врз железничка станица во Шостка, Сумиската област“.

„Сите служби за итни случаи се веќе на местото на настанот и почнаа да им помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се потврдуваат“, додаде тој.

„Досега знаеме за најмалку 30 жртви. Прелиминарните извештаи покажуваат дека и персоналот и патниците биле на местото на нападот“.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

To top