Македонија

(Видео): Герасимовски со кривични пријави за „Комуналец“ оти намерно не чисти

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека општината подготвува кривични пријави против Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ поради, како што рече, недозволивата состојба со сметот во Скопје. Според него, институцијата со години не си ги извршува обврските, а граѓаните се тие што ја трпат штетата. – Сметот претставува грда слика за самите граѓани, но и […]

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека општината подготвува кривични пријави против Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ поради, како што рече, недозволивата состојба со сметот во Скопје. Според него, институцијата со години не си ги извршува обврските, а граѓаните се тие што ја трпат штетата.

– Сметот претставува грда слика за самите граѓани, но и за туристите кои го посетуваат центарот на градот. Истото ги засега и другите општини. Ова е навистина крајно сериозно – недозволиво е ова во 21 век. Со години наназад правиме притисок, апелираме до Јавното комунално претпријатие редовно да го чисти сметот. Граѓаните се колатерална штета, а плаќаат за таа услуга. Преку сметката за водовод плаќаме и за управување со сметот. Недозволиво е градот, односно комуналното претпријатие, да не ги завршува своите работи навреме – рече Герасимовски во емисијата „Објектив“ на МРТ.

Тој истакна дека Општина Центар располага со 110 хигиеничари кои секојдневно се на терен, но дека тоа не е доволно ако Градот Скопје не си ја завршува својата работа.

– Доколку Градот Скопје не си ја завршува својата работа и остава преполни контејнери каде што кучиња скитници го разнесуваат ѓубрето по улиците, се прави огромна штета. Ние собираме колку што можеме околу контејнерите зашто една општина нема такви возила за да може да го отстрани сметот од контејнерите, но собираме колку што можеме. Трошиме средства, време и ресурси, а дополнително сето тоа што ќе биде собрано, плаќаме за да го депонираме во Дрисла. Сето тоа ни прави огромен проблем и редно време е да се најде решение – потенцираше тој.

Во тој контекст, Герасимовски најави конкретни чекори.

– Јас, како градоначалник, и мојот тим отпочнуваме со порадикални мерки. Подготвуваме кривични пријави до комуналното претпријатие по неколку члена за заштита на животната средина и дополнително бараме законски измени во тој домен – посочи Герасимовски.

Покрај тоа, Герасимовски откри дека веќе се работи на предлог-законски измени со кои општините ќе добијат поголеми надлежности во управувањето со отпадот.

– Сето ова што ни се случува е терор врз граѓаните, не само врз Општина Центар, туку и врз сите граѓани на територијата на градот Скопје. Дополнително, подготвуваме законски измени да ги преземеме ингеренциите. Ние еднаш веќе ги побаравме, но тоа се закочи, па подготвуваме предлог-законски измени да се трансформира јавното комунално претпријатие и секоја општина да преземе, ако треба, и дел од вработените, но и механизацијата. Сигурен сум дека ќе имаме подобри резултати и нема да дозволиме граѓаните да живеат во вакви услови – рече тој.

Герасимовски ги посочи и системските слабости на комуналното претпријатие:

– Јавното комунално претпријатие нема капацитет, има стара механизација, а тоа е само еден од проблемите. Нема ниту стратегија како да се селектира и рециклира сметот како што тоа е во европските држави. Мора да се има таков план, таква стратегија – како ќе се врши селекцијата, во кои денови ќе се отстранува сметот од домаќинствата – објасни градоначалникот на Општина Центар.

Градоначалникот ги повика и граѓаните и угостителските објекти на поголема одговорност.

– Ние правиме акции за собирање кабаст отпад и апелирам до граѓаните да ги почитуваат тие акции и да се однесуваат согласно со нив, а не да фрлаат покрај контејнерите кога ќе им текне. Исто така, дадовме насоки за локалите и почнавме со ригорозни мерки да направат договор со лиценцирани компании за селектирање и отстранување на отпадот од локалите, каде што се прави дополнителен хаос со тоа што сметот се фрла во контејнерите кои се во близина на тие угостителски објекти – истакна Герасимовски.

Најнови вести од: Македонија

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2021-2027

Заинтересираните организации се повикуваат навремено да започнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози.

Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше само 124.000 гласа – Платформата 12:05 е оправдана!

„Ова што се случува (во СДСМ) не е нешто непознато во политиката, после пораз на избори СДСМ на локалните избори претрпе сериозен пораз, имаше само 124 илјади гласа’’ посочи поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на гостување во МРТ.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка, поради „лични причини“

Јовица Андовски повеќе нема да ја извршува функцијата заменик-министер за здравство, откако поднесе оставка од лични причини. Во писмото со кое се повлекува од функцијата, тој му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата, поддршката и досегашната соработка.

Најнови вести

To top