Македонија

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2021-2027

Заинтересираните организации се повикуваат навремено да започнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози.

Европската комисија го објави Вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027, насловен „Програма за прекугранична соработка Македонија – Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2024 година“. Повикот има за цел да ги поттикне организациите од двете земји да развиваат и спроведуваат заеднички проекти што придонесуваат за унапредување на прекуграничната соработка.

Заинтересираните организации се повикуваат навремено да започнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози.

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ истакна дека преку европската територијална соработка се создаваат можности локалните заедници заеднички да одговорат на предизвиците, да ги развиваат своите капацитети и да ги искористат локалните потенцијали.

„Министерството за локална самоуправа е Национален орган за ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027, со алокација од 3.430.000 евра, и ја поздравува објавата на новиот повик.

Упатувам благодарност до Европската Унија и Делегацијата на Европската Унија за континуираната поддршка и досегашната успешна соработка. Министерството ќе продолжи да работи на зајакнување на можностите за локален и регионален развој, како и на зголемување на бројот на проекти што ќе се реализираат во рамките на прекуграничната соработка.

Од вкупно 62 проекти за прекугранична соработка што се реализирани или се во фаза на реализација, само два се спроведуваат во соработка со Република Албанија. Ова укажува на потребата за значително зголемување на бројот на заеднички проекти во иднина. Затоа ги повикувам единиците на локалната самоуправа и сите заинтересирани партнери активно да се вклучат во новиот повик“, истакна Стоилковиќ.

Крајниот рок за доставување на Концепт нотите е 15 јануари 2027 година. Станува збор за ограничен повик, во чија прва фаза апликантите треба да достават Концепт нота (Анекс А.1 – Образец за аплицирање за грант: Концепт нота).

Целосната документација, условите и насоките за аплицирање се достапни на Порталот за финансирање и тендери на Европската Унија: https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/prospect-details/187670PROSPECTSEN?isExactMatch=true&status=31094501,31094502,31094503&frameworkProgramme=111111&programmePart=&order=DESC&pageNumber=1&pageSize=50&sortBy=startDate

Во рамките на повикот ќе бидат организирани и информативни сесии за потенцијалните апликанти. Сесиите се планирани приближно 15 дена по објавувањето на повикот, а дополнителните информации за датумите, локациите и начинот на организација ќе бидат објавени дополнително.

 Линк од Фб-објава:

https://www.facebook.com/ivan.stoilkovic

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше само 124.000 гласа – Платформата 12:05 е оправдана!

„Ова што се случува (во СДСМ) не е нешто непознато во политиката, после пораз на избори СДСМ на локалните избори претрпе сериозен пораз, имаше само 124 илјади гласа’’ посочи поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на гостување во МРТ.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка, поради „лични причини“

Јовица Андовски повеќе нема да ја извршува функцијата заменик-министер за здравство, откако поднесе оставка од лични причини. Во писмото со кое се повлекува од функцијата, тој му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата, поддршката и досегашната соработка.

Најнови вести

To top