Македонија

Модернизација на зелениот пазар – нова градска гордост

Александар Рашковиќ, независен кандидат:

Зелениот пазар ќе добие нов, модерен лик — четирикатна зграда со современ дизајн, која ќе го задржи духот на традицијата, но ќе понуди чист, функционален и урбан пазарен простор достоен за европска престолнина.

Новиот комплекс предвидува:
Подземна гаража со капацитет за над 150 возила.
Приземје – простор за локални производители, цветари и органска храна.
Прв кат – пазарна зона со зеленчук и овошје, со природна вентилација, стаклен покрив и широки патеки за купувачите.
Втор кат – дел за млечни производи, месо, риба и пекарски производи, со високи хигиенски стандарди и ладилни системи.
Трет кат – модерно кафе и ресторан со панорамски поглед кон градот, место за одмор и дружење.
Четврти кат – зелена тераса со дрвја, урбана градина и соларни панели.

Со овој проект, Зелениот пазар ќе стане најмодерниот урбан пазар во регионот – каде традицијата на скопските продавачи ќе живее во ново, достоинствено и инспиративно опкружување.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

To top