Македонија

Орце Ѓорѓиевски во Карпош најавува изградба на мегапарк покрај Лепенец

Орце Ѓорѓиевски вели дека визијата за зелено Скопје не застанува само на Лепенец и најавува дека во плановите се вклучени низа капитални парковски проекти низ целиот град

Просторот покрај Лепенец ќе стане симбол на еколошка обнова и современо градско живеење. Мега парк ќе се простира по течението на реката, на потегот меѓу Бардовци и Даме Груев, и ќе опфаќа површина од над 300.000 квадратни метри. Тоа ќе биде првиот мега-парк што ќе поврзе повеќе скопски општини и ќе биде наменет за жителите на Скопје, најави денес од Карпош кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

  • „Паралелно со тоа, предвидуваме воспоставување зелени коридори по целата должина на реката Лепенец, со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите и јавните институции. Овој проект ќе го интегрира Лепенец во животот на градот и ќе го претвори во симбол на урбана поврзаност, чиста животна средина и граѓанска гордост“, рече тој.

Освен тоа, најави зазеленување на секоја скопска општина. Како што наведе, ќе се реализираат повеќе проекти: мега-парк Вардариште, што ќе ја претвори поранешната депонија во европски пример за зелена рекултивација, градска шума „Расадник“ во Кисела Вода, мега-парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, првиот зелен коридор од ваков обем во Бутел, „Скопски зелен архипелаг“ кој предвидува 50 нови маалски паркови низ сите делови на градот. Воедно, целосно ќе се обнови и Градскиот парк во Скопје и Паркот на природата Гази Баба.

Што се однесува до Карпош, според него, еден од најважните проекти е доизградбата на булеварот „Љубљанска“. Со комплетирањето на делот од завршениот мост до улицата „Скупи“, ќе се воспостави клучна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје. Тоа ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и до индустриската зона, ќе се растовари метежот на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“, и ќе се овозможи побрз и побезбеден проток кон обиколницата.

Ѓорѓиевски ја посочи и клучката „Момин поток“, за чие завршување рече дека е повеќе од потребно. Приоритет ќе биде и реконструкцијата на улицата „Загребска“, која е од витално значење за функционирањето на Детската болница „Козле“.

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top