Македонија

Во тешка состојба повреден од дискотеката „Пулс“ – 12 се’ уште во болница

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски обелодени дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба. „На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет […]

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски обелодени дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство.

Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба.

„На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’.

Пет се во Кочани и тројца се во Систина.

На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во ‘8 септември’.

Третманот со ПРТ (плазма со тромбоцити или без тромбоцити) се прави кај 16 повредени и тој е супериорен третман за намалување на лузните од изгорениците. Ги повикувам сите повредени кои имаат дилема, страв, да се обратат во ‘св. Наум Охридски’ или во Клиниката за пластичка хирургија“  соопшти Клековски.

Тој рече дека пациент со тешки изгореници, по еден месец имал значително подобрување на состојбата со третманот со плазма.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Еднаква поддршка за сите – урбаните општини имаат целосен пристап до услугите на Ресурсниот центар

Општина Карпош, преку потпрограмата АА за инфраструктурни инвестиции во општините, во рамки на двата јавни повика доби средства во вкупна вредност од 694.970.635 денари, наменети за финансирање на 24 проекти. Овие проекти опфаќаат интервенции во локалната инфраструктура, изградба и реконструкција на спортски сали и градинки – инвестиции кои директно го подобруваат квалитетот на живот за жителите на општината.

To top