Бизнис

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, го оцени денешниот ден за историски откако, како што рече, се направени првите трансакции преку Единствената област за плаќање во евра (СЕПА).

Официјално стартува примената на Единствената зона за плаќања во евра, со што граѓаните и компаниите ќе може да вршат и примаат плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА под исти услови како и во ЕУ. Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули лани, а на 6 март годинава беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања.

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, го оцени денешниот ден за историски откако, како што рече, се направени првите трансакции преку Единствената област за плаќање во евра (СЕПА).

  • Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите – објави гувернерот Трајко Славески на платформата Х.

Од денеска практично во државава почна примената на истите правила за прекугранични плаќања во евра како и во земјите од Европската унија. Со приклучувањето кон СЕПА, прекуграничните плаќања во евра стануваат поевтини и побрзи како за граѓаните, така и за компаниите.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска изјави дека на девет домашни банки им се одобрени апликациите за приклучување кон СЕПА, а до крајот на годината се очекува да се приклучат уште три банки. Оцени дека ова е значаен исчекор кон унапредување на условите за работење и живеење во Македонија, приспособувајќи ги стандардите на земјата кон европските.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

To top