Македонија

Хрватска врати шлепери полни со македонски отровни пиперки наменети за европски пазар

Од македонските ниви, 15 илјади килограми црвени пиперки со високо ниво на пестицидот метомил стигнале на хрватскиот пазар. Европскиот систем за безбедност на храната објави дека пиперките се повлечени. Употребата на овој пестицид е забранета, а инспекциите вршат контрола кај производителите.

Хрватските фитосанитарни власти повторно алармираа за небезбедност на земјоделски производ од Македонија, откако пред неколку дена на границата беше запленет и уништен контигент црвени пиперки-ајварки во кои било откриено присуство на опасниот инсектицид метомил, во количество што ги надминува дозволените граници, пренесе Пари.мк. Според податоците објавени од хрватските портали анализите покажале дека овие пиперки претставуваат ризик по здравјето на потрошувачите, поради што целата пратка била повлечена и уништена.

Европски систем за безбедност на храната (RASFF) соопшти дека кај пиперките увезени во Хрватска од Македонија, по официјалната контрола на пазарот, споменатата штетна супстанца е откриена во количина од 0,049 милиграми метомил на килограм. Дозволеното ниво е 0,01 милиграм на килограм, што значи дека пронајдената количина е пет пати поголема од дозволената количина. Затоа е наредено итно повлекување на производот од пазарот на Европската Унија.

Инспекцијата била извршена на 23 септември, а официјалното предупредување е издадено на 3 октомври.

  • Хрватска спроведува редовна контрола на сите пратки овошје и зеленчук што влегуваат во земјата. Кога лабораториските анализи укажуваат на присуство на недозволени супстанции, постапката е јасна – производите се повлекуваат и уништуваат,“ изјави претставник на Државниот инспекторат на Република Хрватска, објаснувајќи дека метомилот е пестицид чие користење е строго ограничено во Европската Унија поради неговата токсичност.

Овој инцидент е најнов во серијата случаи во кои Хрватска во последните години враќа или уништува македонски земјоделски производи поради прекумерни количини на пестициди. Во 2022 година беа повлечени пратки со јаболка и зелка од Македонија, а сличен случај се случи и во 2021 година со домати кои содржеле остатоци од тиаметоксам.

Најнови вести од: Македонија

Сијарто: Унгарија ќе ѝ помогне на Србија во снабдувањето со енергенси и ја поддржува нејзината интеграција во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска е во Белград за да разговара за деталите за тоа како Унгарија ќе ѝ помогне на Србија откако беа прекинати испораките на нафта од Хрватска, изјави министерот во видео објавено на Фејсбук.

Труење со храна во основно училиште во Влае

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.

To top