
Немајќи што да му понуди на македонскиот граѓанин, СДС потпре на нејзините мегафони кои шират омраза и повици на насилство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на последната објава на социјалните мрежи на новинарот Бранко Тричковски кој „повторно премина на неговите морбидни повици за ликвидација на претседателот, Христијан Мицкоски“.
Безидејниот СДС, политиката и изборната кампања ја сведе во поле на омраза, наместо натпревар на идеи, проекти и визија.
Тричковски повикан во полиција на информативен разговор по контроверзен коментар на социјалните медиуми
„Во врска со настанот од пред некој ден за лажна дојава на бомба во центарот на Скопје, долгогодишниот перјаница на СДС, Тричковски на социјалните мрежи, со многу морбиден речник пишува дека „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“.
Ваквиот јавен повик за убиство не е и не може да се смета за слобода на говор, ниту метафора, тоа е повик за криминален акт против животот на друг човек“ се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
„Исто така, овој испад не е изолиран случај или дело на лице со нарушена психолошка состојба, туку тоа е резултат на очајот во кој се пропаднати СДС и нивниот политички банкрот.
Ова не е еден човек што зборува сам за себе, туку ова е гласот на очајот на СДС, кој се слуша преку нивните медиумски издувни вентили.
Многу е јасно кога гласноговорниците и мегафони на СДС повикуваат на распарчување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер во период на изборен процес, тоа не е црн хумор, туку црна кампања насочена кон создавање страв, поделби, дестабилизација.
Меѓу другото, треба јасно да се потенцира и одговорноста на медиумите кои ги пренесуваат овие пораки, дали тоа го прават по налог и како дел од сценарио, или затоа што веруваат и се согласуваат со она што тој го пишува.
Затоа што сите кои го споделуваат, оправдуваат или ќе го штитат овој човек се соучесници во поттикнувањето и нормализирањето на опасната реторика.
Токму поради тоа ги повикуваме надлежните органи да проверат дали Тричковски има формални врски со политички структури, а СДС јавно да се оградат од овој срамен чин.
Ако СДС молчат, тоа ќе биде доказ дека ја одобруваат ваквата морбидна реторика и дека стојат зад неа“ се вели во соопштението. .
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи омразата да стане кампања и ќе ги брани институциите на системот, државата и демократијата од секој обид за насилство, без разлика од каде доаѓа.