
Македонската фудбалска репрезентација вечерва се соочува со клучен предизвик против Белгија во Гент, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026.
Натпреварот започнува во 20:45 часот на Арената „Планет Груп“. Македонија е лидер во групата, со еден бод предност пред Белгија, која има натпревар помалку. По ремито 1-1 во првиот дуел, нашите фудбалери покажаа дека можат да се носат со силните противници, а минатите победи над Германија и Италија само ја зајакнуваат вербата во успех.
Денес, со поддршка од навивачите, Македонија оди на победа или барем реми, што би го задржало првото место и сонот за директен пласман на Мундијалот.
Белгија, и покрај отсуството на Ромелу Лукаку, е во одлична форма, со 12 постигнати гола во последните два меча. Сепак, и нашата репрезентација е полна со самодоверба. Клучно е нашите да одиграат храбро и дисциплинирано за да го задржат лидерското место. Со среќа и борбеност, можеме да се надеваме на позитивен исход!