Спорт

Реми како победа во Гент, Македонија останува лидер на патот кон СП!

Бодот против фаворитот Белгија го продолжи сонот на македонските фудбалери за историски пласман на мундијалот

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено без голови против топ-фаворитот Белгија во шестото коло и остана лидер во квалификациската група Ј за Светското првенство 2006!

Белгијците доминираа во текот на целиот натпревар, имаа посед на топката од 78 проценти, имаа 25 удари кон голот наспроти само три на „црвено-жолтите“, но избраниците на селекторот Благоја Милевски со дисциплинирана игра во одбраната успеаја да останат непоразени.

Столе Димитриевски во пет наврати одбрани стопроцентни шанси за „црвените ѓаволи“, а неговите соиграчи со стриктно покривање на секоја педа од својата половина му помогнаа за на крајот ссите заедно со кренати раце да ги поздрават околу илјада македонски навивачи на „КАА арената“.

Две кола до крајот Македонија има 12 бода, еден повеќе од Белгија и два од Велс, а в понеделник ќе го пречека Казахстан, додека Велшаните ќе им бидат домаќини на Белгијците.

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top