Македонија

Ботовите на СДСМ и членството се крстат во анкета на мистериозен институт

Ќе реагираат ли ДИК и МВР за лажната анкета правена по принципот ,,Што и се сонило на бабата…”

Ботовите на СДСМ и дел од членството се крстат во анкета на мистериозен институт која ја споделуваат профили и групи под контрола на партијата на Филипче.

Структурата на СДСМ на социјалните мрежи споделува наводна анкета на наводен Институт за анализа на јавното мислење и политика која не е објавена никаде освен од ботовите на Бихаќка.

Анкетата на која и се радуваат дел од членовите на СДСМ покажува дека во Охрид во водство е кандидатот за градоначалник од СДСМ.

Извесниот кандидат за градоначалник на Охрид Асен Шајн според анкетата води пред актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Пецаков со 5 проценти предност.

Иако на сите други релевантни анкети кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се во убедливо водство пред кандидатите на СДСМ во оваа мистериозна анкета Шајн има 26 проценти од гласовите од Охриѓани а Пецаков 21.

Наводниот Институт за анализа на јавното мислење и политика не е регистриран како компанија и го нема во регистарот на правни субјекти. Го нема ниту на интернет ниту на социјалните мрежи со свој профил.

На интернет просторот нема контакт адреса, телефон или емаил и нема можност да се контактира со мистериозниот институт.

Иако оваа анкета не е официјална и се пласира преку ботовите на СДСМ Државната изборна комисија и МВР можат да ги најдат луѓето што ја манипулираат јавноста во изборниот период и пласираат лажни анкети.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top