Македонија

Шестдневна манифестација во Чаир

Шестдневната програма ќе почне денеска во 18 часот во Албанскиот театар, со настап на ученици од основните училишта во Чаир, а утре во 12 часот ќе биде одбележана 20-годишнината од основањето на Основното училиште „Битолски конгрес“

Во организација на Општината, посветена на Денот на албанската азбука, Денот на албанското знаме и 20-годишнината од поставувањето на бистата на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег во Скопје, денеска започнува манифестацијата „Чаир го слави Ноември – 20 години гордост“,

Според соопштението на Општина Чаир, шестдневната програма ќе почне денеска во 18 часот во Албанскиот театар, со настап на ученици од основните училишта во Чаир, а утре во 12 часот ќе биде одбележана 20-годишнината од основањето на Основното училиште „Битолски конгрес“.

Централната манифестација ќе се одржи на 28 ноември во 14 часот на плоштадот „Скендербег“, по повод Денот на албанското знаме и годишнината од поставувањето на бистата. На програмата се поетска интерпретација на Чун Лајчи, песни посветени на Скендербег, традиционални албански ора, настап со чифтелија, видео по повод годишнината, активности со младите и концерт на Едона Љалоши.

На 25 ноември во 19 часот е најавена вечер на градски песни со Миранда Хашани и Селами Колоња, а на 26 ноември во истиот термин ќе настапи Државниот ансамбл за песни и ора. На 27 ноември во 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концерт на Рона Нишлиу со „New Orchestra“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави поевтини станови за брачни двојки помлади од 35 години

Без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, ниту една градежна компанија не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена, најави премиерот Мицкоски.

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

To top