Македонија

Нема да се сопре растот на македонската економија со предвремени парламентарни избори, вели премиерот

Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и националистички испади немаат друга програма, па за да ги мобилизираат своите структури и гласачи, единствено што можат да зборуват е за предвремени избори. И ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи со историски резултат на локалните избори во 2021 година, па беше во опозиција 3 години, рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ги прекине позитивните економски трендови и растот на БДП со предвремени парламентарни избори. Го ставаме државниот интерес пред политичките емоции, рече тој денеска, одговарајќи на новинарско прашање од што ќе зависи дали по локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.

– Оваа Влада има полн легитимитет. Повеќе од 600.000 граѓани на изборите минатата година гласаа за оваа Влада. Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и, би рекол, националистички испади, немаат друга програма, па, за да ги мобилизираат своите структури и гласачи, единствената работа која можат во овој момент да ја зборуваат е да повторуваат „предвремени избори, предвремени избори“. И ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи со историски резултат на локалните избори во 2021 година, па беше во опозиција 3 години. Дојдоа парламентарни избори, убедливо победи со историски резултат и денес сме Влада – рече премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека денеска излегува ревидиран извешта за БДП за 2024 година, кој изнесува  3%. и е еден од најголемите во Европа.

– Одиме и над тоа, тоа е над сите очекувања на ММФ и Светската банка. Би било навистина жалосно ако сите овие позитивни индикатори ги прекинеме со предвремени парламентарни избори. Ние како политичка партија го ставаме државниот интерес пред политичките емоции – порача Мицкоски.

Минатата недела од Струмица премиерот порача дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и за нов четиригодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата.

– ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат силна победа, посилна од таа во 2021 година и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори, за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме – рече тогаш Мицкоски.

По ова наговестување на премиерот дека сепак има минимална можност за предвремени парламентарни избори, кандидатот на ДУИ за градоначалнк на Чаир, Бујар Османи, рече дека предвремените избори ќе се одржат во март или во април.

– Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на силите и тоа што се случува. Ситуацијата е неодржлива во која се наоѓаме и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот. Но, независно од неговата изјава, јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјата – рече Османи.

Од Коалицијата Вреди се категорични дека ќе нема предвремени парламентарни избори. Кандидатот за Чаир, Изет Меџити во повеќе наврати изјави дека сите партнери во владината коалиција се едногласни дека Владата има стабилен мандат и дека ќе нема предвремено гласање за пратеници.

На предвремени парламентарни избори инсистира ДУИ и тоа уште од лани, веднаш од моментот кога станаа опозиција. Од паријата аргументираа дека тие освоиле повеќе албански гласови од коалицијата Вреди на парламентарните избори и дека поради тоа тие се единствен легитимен претставник на Албанците кои треба да бидат во власта. Во кампањата за овие локални избори функционерите на ДУИ аргментираат дека ова гласање ќе биде совевиден референдум на Албанците. Очекуваат ако повторно коалицијата преводена од ДУИ освои повеќе гласови од Вреди, да има или реконструкција на Владата по која и тие ќе бидат дел од извршата власт или предвремени парламентарни избори.

Од коалицијата Вреди, пак, изегоа со став дека за нив победа на овие локални избори ќе биде ако освојат најмалку една општина повеќе од коалицијата преводена од ДУИ, Националната алијанса за интеграција.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top