Бизнис

Целосно ќе се реконструира Железничката станица во Скопје

Директорот на ЈП „Железници – инфраструктура“ најави дека за најмалку една година се очекува да се изработува проектот, по што ќе следува обезбедување финансиски и градежни работи, што треба да завршат за пет до шест години, истовремено со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и на железничкиот крак до скопскиот аеродром.

Со зачувување на автентичниот изглед, почнува проектирањето за целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје. Активостите ќе ги спроведе „Македонски железници – Инфраструктура“ во соработка со Градежниот и Архитектонскиот факултет. Според директорот Синиша Ивановски, се очекува најмалку една година да се изработува проект, по што ќе следуваат обезедување финансии и градежни работи. Треба да заврши за пет-шест години, во истовреме со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје.

  • Ако завршиме со проектот за една година потоа финансирањето ќе биде или со државниот Буџет, или со заем од класичните заемодаватели, како ЕБРД, ЕИБ, комерцијалните  банки, но не е исклучена можноста да влезе во стратешката партнерство со Велика Британија со кои ќе правиме многу капитални инфраструктурни проекти. За пет до шест години од денеска во исто време да бидат готови и брзата пруга и кракот до Скопскиот аеродром, Можеби делува апстрактно но верувајте со сите сили работиме параллено на сите проекти, рече Ивановски.

Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски посочи дека овој долго задоцнет проект ќе има почеток и оти нивна задача ќе биде на железничкиот Коридор 10 да направат целосна реконструкција и рехабилитација на елементите на пругата, како санирање и јанење на мостовски конструкции, на свлечишта, потпорни ѕидови.

  • Многу е значаен овој почеток бидејќи сакаме да бидеме дел од паневропската мрежа на која припаѓаме. Со овој проект ќе ги обезбедиме условите и стандардите што важат во сите европски земји, рече Јосифовски, истакнувајќи дека имаат капацитет да одговорат на задачата.

Деканката на Архитектонски факултет, Анета Христова-Поповска истакна дека ќе има многу работа, а прво ќе се прави документирање и анализа на оригиналната документација.

  • Ќе има надградба со содржини со коишто објектот ќе стане социјален хаб и отворено плато за културниот и јавниот живот на скопјани. Во таа смисла внимателно ќе ги преиспитаме оригиналните аспекти на дизајнот на Кензо Танге, ќе бидеме многу внимателни софистицирано да ги редизајнираме аспекетите на дизјанот но исто така и да пружиме нешто ново што скпјани долго време го очекуваме. Приклучокот со брзата линија,  брзата железница во Европа е извонредна работа, го очекуваме со години им го должиме на генерациите после нас, рече Поповска.

Железничката станица во Скопје е пуштена во употреба во јули 1981 година.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Рекорден број на патници, македонските аеродроми со најголем раст

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се меѓу најбрзо растечките аеродроми во регионот, а ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и во наредниот период

Фирмите и инфлуенсерите ќе треба да добијат дозвола за giveaway игрите

Законот ги дефинира и поимите „лајкување” и „тагнување” како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта.

To top