Свет

Израел „заплени“ брод со хуманитарна помош за Газа (ВИДЕО)

Израелски војници пресретнаа брод со хуманитарна помош што се движел кон Газа, а меѓу патниците беа активистката за климатски промени Грета Тунберг, актерот од „Игра на тронови“ Лиам Канингем и француската европратеничка Рима Хасан. Сите беа приведени и однесени во Израел. Коалицијата на Freedom Flotila (FFC) претходно објави дека израелската војска се качила на бродот […]

Израелски војници пресретнаа брод со хуманитарна помош што се движел кон Газа, а меѓу патниците беа активистката за климатски промени Грета Тунберг, актерот од „Игра на тронови“ Лиам Канингем и француската европратеничка Рима Хасан. Сите беа приведени и однесени во Израел.

Коалицијата на Freedom Flotila (FFC) претходно објави дека израелската војска се качила на бродот „Мадлин“, кој се обидуваше да достави помош во Газа.

По повеќе од 600 дена војна и 11-неделна целосна блокада на помошта, 2,1 милиони луѓе во енклавата се соочуваат со сериозна криза со глад, според CNN.

Израелското Министерство за надворешни работи објави утрово дека бродот „безбедно се движи кон израелскиот брег“ и дека се очекува патниците да се вратат во своите матични земји.

Тие, исто така, споделија видео на социјалните мрежи на кое се гледа екипажот на бродот, облечен во портокалови елеци за спасување, како седат еден до друг додека војник им дава вода и сендвичи. Грета Тунберг седи близу до предниот дел од групата.

Коалицијата FFC претходно објави на Телеграм дека бродот бил „нападнат во меѓународни води“.

„Дронови кружат околу бродот, испуштајќи супстанца слична на бела боја. Комуникацијата е изгубена, а преку радио се емитуваат вознемирувачки звуци“, се вели во нивната објава.

Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од морнар кој му кажува на екипажот на бродот преку радио дека „морската зона покрај брегот на Газа е затворена“.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top