Македонија

За само една година во Македонија уништени шуми колку половина Англија

И покрај заложбите на повеќе од 140 земји на климатската конференција на ОН во Глазгов во 2021 година да се запре глобалното уништување на шумите до 2030 година, извештајот открива дека напредокот е далеку од планираното – уништувањето на шумите се ближи до опасна пресвртна точка.

Лани трајно беа уништени светски шуми со големина од приближно половина Англија, покажува извештајот, при што загубата се зголеми за 1,7 милиони хектари од 2022 година на вкупно 8,3 милиони хектари, јави ДПА. Оценката на Декларацијата за шуми, објавена вчера од истражувачки и невладини организации, наведува дека во 2022 година биле изгубени 6,6 милиони хектари шума.

И покрај заложбите на повеќе од 140 земји на климатската конференција на ОН во Глазгов во 2021 година да се запре глобалното уништување на шумите до 2030 година, извештајот открива дека напредокот е далеку од планираното. Експертите се особено загрижени за тропските шуми. Земјоделството, изградбата на патишта и собирањето дрва за огрев предизвикаа сериозни штети, дури и во претходно оддалечените области.

Во Латинска Америка, Азија, Африка и Океанија источно од Австралија, катастрофалните шумски пожари уништија милиони хектари минатата година. Многу од нив беа намерно подметнати. Само пожарите во регионот на Амазон ослободија 791 милион тони јаглерод диоксид (CO2​) и други гасови – седум пати повеќе од годишниот просек од претходните две години и повеќе отколку што емитува Германија годишно.

Ерин Матсон од Климат Фокус, коавтор на извештајот, рече дека јазот меѓу ветувањата и реалноста се зголемува секоја година и има катастрофални последици врз луѓето, климата и економиите. Експертот за биодиверзитет Иван Палмеџани предупреди дека штетата ги турка шумите поблиску до опасна пресвртна точка.

Напорите за пошумување заостануваат, покривајќи само 5,4 отсто од оштетените или расчистените области што би можеле да се пошумат, главно во тропските предели. Позитивни знаци се подготвеноста на Бразил да извезува само говедско месо без уништување шуми во ЕУ и новите закони за користење на земјиштето во Република Конго. Авторите, исто така, ги забележаа меѓународните напори за зголемување на финансирањето за заштита на шумите.

Најнови вести од: Македонија

Тешко повредена жена по разорна експлозија и пожар во куќа во охридско Велгошти

Денес претпладнево избувнала експлозија, а потоа и пожар, во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ. (44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Вечерва стартуваат 25. Зимски олимписки игри во Италија! – Јана Атанасовска, Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска во тимот на Македонија!

Со церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија во 20 часот официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.

Само вчера фатени уште 11 лица, кои возеле без возачка дозвола! – Возилата им се одземени!

Некои воопшто немале дозволи, некои имале активна забрана на дозволите, а двајца од нив се малолетници, кои возеле без возачка дозвола. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Уште еден протестант се извини на „цела Влада“, на „цела Македонија“: Не знаев што зборувам од стрес, згрешив!

На протестите против проектот „Безбеден град“ неколку граѓани јавно упатуваа закани за физичко насилство и убиства. Сега тие еден по еден во последниве неколку дена во свои снимени видеа „се извинуваат на владата, на министрите, на државата и на целата јавност“. Тие „објаснуваат“ дека во тие моменти „се наоѓале во стрес, во афект, нервоза и страв“. А сега пре целата јавност „изразуваат каење за своите постапки“ и на сите „им упатуваат извинување“!

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата на Македонија за зголемување на платите

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ.

Во пресрет на Милано Кортина 2026, “Самсунг Куќата“(Samsung House) официјално отворена во срцето на Милано

Во срцето на Милано, “Самсунг“ (Samsung), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, официјално отвори “Самсунг Куќа“ (“Samsung House”) во историската палата Сербелони (Palazzo Serbelloni)1 – нов центар за спортистите, медиумите и партнерите во текот на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри Милано Кортина 2026.

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за примање поткуп при издавање лични документи

Двајца полицајци, една професорка и еден пожарникар се под кривична истрага затоа што за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола. Полицаецот од Интервентна полиција го поттикнувал колегата, кој фотографирал и примал барања за лични документи да ги прими граѓаните преку ред, со што се создал паралелен неформален начин на вадење документи за кој примале одреден паричен надомест. Сите ќе се гонат кривично за злоупотреба на службена положба, примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Најнови вести

To top