Македонија

МВР добива пријави за нарушувања на изборниот молк

Регистрирани и објавени видеа и фотографии од партиски штабови

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека за време на предизборниот молк, до отворањето на гласачките места, добиени се пријави за нарушување на изборниот молк.

Полицијата регистрирала и објави на социјалните мрежи што се однесуваат на повици за гласање за одредени кандидати, како и видеа и фотографии од партиски штабови.

„За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 г. до 7:00 часот на 19.10.2025 г., односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани. Покрај ова, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк што се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови“, инфомира МВР.

https://expres.mk/makedonija/toshkovski-imame-mirna-i-fer-izborna-atmosfera/

Од МВР додаваат дека гласањето на болните или немоќни лица, лицата што се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата што се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, поминало без нарушување на гласањето, а регистриран е само еден настан.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Стратегиска линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека националниот идентитет не е предмет на преговори! – Обврска е да се зачува континуитетот на македонската државност!

„Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи: држава што го чува својот идентитет; држава што ја брани својата суверена позиција; држава што ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување. Наследството на борбите за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски за денешната генерација: да се зачува континуитетот и достоинството на македонската државност и идентитет; да се модернизира државата така што ќе биде отпорна на надворешни притисоци и внатрешни слабости и да се спречи злоупотребата на историјата за дневнополитички цели.“ – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во својата реч на денешниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци.

To top