Македонија

ТВ 24: Филипче добил полициско обезбедување!?

Според информациите на ТВ 24 двајца припадници на шестата управа од вчера го придружуваат првиот опозиционер. ТВ 24 се обидела да добие одговор од лидерот на СДСМ дали имал закани, дали ги пријавил и на што се должи фактот што АНБ направила проценка дека му треба полициска придружба, но тој одби да одговори на прашањата. […]

Според информациите на ТВ 24 двајца припадници на шестата управа од вчера го придружуваат првиот опозиционер.

ТВ 24 се обидела да добие одговор од лидерот на СДСМ дали имал закани, дали ги пријавил и на што се должи фактот што АНБ направила проценка дека му треба полициска придружба, но тој одби да одговори на прашањата.

„Не би коментирал на темава.“ изјавил Венко Филипче-претседател на СДСМ за Телевизијата.

ТВ 24 истите прашања му ги постави и на директорот на АНБ, Бојан Христовски, односно побара одговор на што АНБ ја темели безбедносната проценка за ризик, но Христовски не одговорил, во куса комуникација кажал само дека не е во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Екс-„УЧК“ ги предупредува „соборците“ да не доаѓаат на протест во Скопје, оти полицијата е „должна да ги апси, ако се на потерници на Европол“!

„Претпочитаме нашите борци на УЧК да не тргнуваат на пат кон Скопје, бидејќи немаме гаранции. Дури и да го побараме тоа, не е можно државата С.Македонија да даде гаранции кога сте на списоците на Европол. Автоматски, кога вашата лична карта ќе биде внесена во базата на податоци на граничната полиција и ќе се покаже дека сте барани, полицијата има обврска да ве уапси. Затоа им кажуваме на нашите соборци да не учествуваат на протестот во Скопје. Има многу граѓани кои ќе учествуваат.“ – истакнува „Организацијата на воени ветерани-УЧК“ во своето соопштение, едновремено и предупредување до нивните поранешни „соборци од УЧК“ од Косово. Ова го објави ТВ Алсат.

Законот за правична застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија дека е усогласен со европските стандарди

„Законот за правична и соодветна застапеност станува реалност 24 години по Охридскиот договор. Позитивна оценка од Венецијанската комисија. Работа, а не фудбал во државните канцеларии.“ – порача преку својот фејсбук-профил вицепремиерот Арбен Фетаи, алудирајќи на праксата за „занимавање со спортска рекреација“ и злоупотребување на државните кабинети од страна на Артан Груби и другите високи функционери на ДУИ додека беа дел на Владата на Република Маедонија.

Градоначалничката Трајкоска заедно со сопругата на Мицкоски и пратеничката Пешевска се дружеа со децата со церебрална парализа

Во празнична атмосфера, се дружеа со децата кои добија и пакетчиња, истакнувајќи ја важноста на континуираната поддршка за семејствата кои се соочуваат со овие предизвици

Ѓорѓиевски: Скопје добива луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди

„Луна-паркот ќе биде целосно приспособен и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео-надѕор и прва помош. На овој простор од 84 илјади квадратни метри ќе никне место, каде што семејствата ќе минуваат квалитетно време заедно, каде што ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

To top