Македонија

Продолжен притворот за екс-директорот на „Онкологија“

„Се сомневаат дека од куќен притвор Васев може да избега и со личната карта, да отиде на граница и да избега од државата“ вели адвокатот Спирковски

Бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“ изјави дека Судот го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена,

Спирковски најави жалба на Апелација.

Апелација, според Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за определување притвор и изрекол куќен притвор, сметајќи дека тоа е доволно да обезбеди присуство на Васев на судењата, но тоа по жалбата од Обвинителството Апелација го преиначила.

На денешното рочиште пред Судот беа сослушани сведоци кои се поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката во периодот додека директори биле сега обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи.

Спирковски, во однос на нивното сослушување, рече дека сведоците во овој предмет се непотребни и дека за злоупотреба на службена положба и за економски криминал компететнтни се вешти лица

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top