Бизнис

Огромен пад на цената на златото, најголем во последните 10 години

Денеска цените на златото регистрираа лесен скок, откако вчерашниот спектакуларен пад го преки на кратко импресивниот раст на овој драгоцен метал.

Денеска цените на златото регистрираа лесен скок, откако вчерашниот спектакуларен пад го преки на кратко импресивниот раст на овој драгоцен метал.

Според податоци од пазарот, вчера цената на златото забележа пад од над 5 проценти, што е најголемата дневна загуба во изминатата деценија. Ова дојде по серија на рекордни врвови, кога инвеститорите решија да реализираат профити по месеци на континуиран пораст. Дополнителен фактор е зголемениот оптимизам околу претстојните трговски преговори меѓу САД и Кина, што ги намали стравовите од економска неизвесност.

Во моментов, спот цената на златото се движи околу 4.154 долари за унца, со пораст од помалку од 0,5 проценти во однос на вчерашниот затворање. Во вторникот, цената драстично опадна за 6,3 проценти на 4.082 долари за унца, откако претходниот ден достигна историски максимум од 4.381 долари. Фјучерсите за злато на американската берза затворија со минус од 5,7 проценти на 4.088 долари, најлошиот ден од април 2013 година наваму. Истовремено, среброто и платината паднаа за 7 и 5 проценти, соодветно, следејќи го трендот на благородните метали.

Експертите објаснуваат дека оваа корекција е логичен исход по интензивното купување во изминатите недели, кое ги однесе цените на прегреани нивоа. Во 2025 година, златото оствари неверојатни добивки од преку 50 проценти, надминувајќи ги дури и турбуленциите од нападите на 11 септември, кризата од 2008 или пандемијата со Ковид-19. Само во последните два месеци, цените скокнаа за 25 проценти, поттикнати од растечкиот американски национален долг, политичка нестабилност и очекувањата за нови намалувања на каматните стапки од Федералните резерви.

Сепак, позитивните сигнали за трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг, заедно со зајакнатиот американски долар, ги мотивираа инвеститорите да продадат. И покрај неодамнешните тензии, претставниците на двете суперсили треба да се сретнат до крајот на неделата, а потоа следува самит меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп.

-Очекувам дека веројатно ќе постигнеме многу фер договор со претседателот Си од Кина- изјави Трамп во понеделникот. -Мислам дека ќе постигнеме нешто што е добро-.

Дополнително, аналитичарите го истакнуваат и завршувањето на индискиот фестивал Дивали – вториот најголем пазар за злато во светот – како клучен елемент за вчерашниот пад. Ова традиционално славење ја зголемува физичката побарувачка за металот, а нејзиното завршување резултираше со намалена активност на купувачите.

Иако денешниот благ раст укажува на привремено стабилизирање, експертите предупредуваат дека волатилноста може да продолжи поради геополитичките ризици и макроекономските индикатори. Златото останува атрактивно како сигурна инвестиција во вакви услови, но краткорочното движење ќе зависи од исходот на преговорите.

Најнови вести од: Бизнис

Зошто легалните македонски превозници се третираат како криминалци од челниците на Европската Унијата?!

Превозниците по кој знае кој пат пратиле писмо до Европската унија, со кое бараат иземање од новите правила за професоналните возачи. Но одговор се уште не добиле. Затоа, тие в понеделник ќе ги блокираат 9-те гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Точно на пладне, заедно со колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе ги паркираат камионите на транспортните терминали на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.

Реакција: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Оваа Групација јавно излезе со заеднички став во однос на предложените новини во Законот во кој ги истакна своите забелешки и барања

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

Овие напади не само што се тенденциозни, бидејќи не се засновани на факти, туку на произволни толкувања, тие истовремено отвораат и дилема, од кои причини и мотиви неосновано „прстот“ се посочува само кон една компанија

ССМ реши: Излегуваат на протести за повисоки плати

Битката за повисоки плати. ССМ ги повика работниците масовно да излезат на протести. Бараат минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати. Велат мизерно е функционерските плати од февруари да се зголемат за 10 проценти или од 200 до 300 евра, а работниците од март да добијат 25 евра колку што е законското усогласување, во услови кога македонските плати се на дното во регионот и Европа.

Најнови вести

To top