Бизнис

Маск: Работата ќе стане хоби, ВИ ќе ги замени сите работни места

Американскиот претприемач и најбогат човек во светот, Елон Маск, денес на својата социјална мрежа X изјави дека вештачката интелигенција (ВИ) и роботите на крајот ќе ги заменат сите работни места, правејќи ја работата прашање на личен избор, а не неопходност.

Американскиот претприемач и најбогат човек во светот, Елон Маск, денес на својата социјална мрежа X изјави дека вештачката интелигенција (ВИ) и роботите на крајот ќе ги заменат сите работни места, правејќи ја работата прашање на личен избор, а не неопходност. Споредувајќи ја иднината на трудот со одгледување сопствен зеленчук, Маск истакна дека работата ќе стане активност во која луѓето уживаат, слично на хоби, наместо обврска диктирана од економски причини.

„Вештачката интелигенција и роботите ќе ги заменат сите работни места, а работата ќе биде прашање на избор на луѓето“, напиша Маск на X, коментирајќи ја веста дека технолошкиот гигант „Амазон“ планира до 2033 година да замени 600.000 вработени со роботи.

Додека технолошките компании и некои инвеститори предвидуваат брза автоматизација, независни студии укажуваат на помалку драматична трансформација. Според анализата на Меѓународната организација на трудот (МОТ), околу 25% од работните места на глобално ниво би можеле значително да се променат под влијание на вештачката интелигенција. Сепак, во извештајот на МОТ се нагласува дека ова не значи нужно губење на работните места, туку промена во нивната содржина. „Многу работници ќе ја променат содржината на своите работни места, но тоа не значи дека нужно ќе станат технолошки вишок“, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на организацијата.

Овие различни гледишта ја истакнуваат сложеноста на иднината на пазарот на трудот, каде што вештачката интелигенција се очекува да донесе и можности за нови вештини и работни места, но и предизвици за адаптација на работниците.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top